Кога злото ќе почука на врата, човек ќе се сети и на она што одамна го заборавил. Така и Мирјана Пешиќ, пензионерка од Власотинци, се сетила на својот училишен хербариум кога на нејзиниот сопруг Сретен требало да му биде ампутирана ногата поради гангрена.

-По некоја случајност или среќа, мајка ми го сочувала хербариумот кој го правев во основно училиште и благодарение на него му го спасив животот на сопругот Сретен – ја започнува својата животна приказна Мирјана Пешиќ, и продолжува:

-Моето семејство секогаш се потпираше на класична медицина и фармацевтски лекови, па не бев многу заинтересирана за лековитите билки. Меѓутоа, сè се промени пред три децении кога лекарите утврдија дека болната рана на ногата од мојот сопруг, е всушност гангрена која може да се запре само со ампутација.

Мојот Сретен беше келнер и не можеше да се помири со фактот дека ќе остане без нога. Ги поминавме сите болници во надеж дека ќе најдеме некој лек, ама сите лекари беа едногласни и според нив ампутацијата беше неминовна, на што мојот сопруг не сакаше да се согласи.

Тогаш сламка на спасот видовме во алтернативата, традиционалната медицина која се заснова на лековити билки. Тогаш се сетив на својот хербариум и се упатив во родната куќа во Доњи Присјан.

Благодарение на добрите наставници, мојот хербариум беше преполн со лековити билки, заедно со нивните називи и описи, па така од самиот почеток имав добра основа, а потоа почнав да се консултирам и со искусни билкари и литература за приготвување на мевлеми.

Започнав да одам по ливадите во околината на моето родно село и да ги барам билките за приготвување на мевлемот. Бидејќи Сретен трпеше големи болки, започна трката со времето. Му направив мевлем и чај од девет вида лековити билки, меѓу кои најважни беа: чуваркуќа, невен, кантарион и кора од среќно дрво која има црвенкастокафеава боја, а се користи за лекување на карцином на дебело црево, јајници и бели дробови.

На ногата наизменично му ставав мевлем и облози од чај, бидејќи чајот не се пие, туку се става како облога. За кратко време раната од гангрената започна да се намалува и за неполни два месеци целосно исчезна. Кога отиде во болница на контрола, ногата му беше излекувана. Лекарите не можеа да веруваат колку голема е чудесната моќ на лековитите билки.

-Кога ка излекувала гангренозната нога на сопругот, Мирјана престанала да го прави мевлемот, но многу брзо се прочуло дека е делотворен, па се повеќе луѓе почнале да доаѓаат и да и бараат помош.

-На почетокот ми беше непријатно, се плашев да не им се влоши состојбата на болните, ги предупредував дека јас не сум ниту лекар ниту видар, ама луѓето се упорни кога се во неволја и што можев друго да направам, освен да им помогнам.

Повторно почнав да собирам лековити билки и да го правам мевлемот и никогаш после тоа немаше несакани последици, туку од сите страни добивав благодарност – раскажува Мирјана и констатира:

-За изминативе три децении искуство, мојот мевлем се покажа како многу добро средство во лекувањето не само на гангренозни состојби, туку и на псоријаза, хемороиди, проширени вени, изгореници, акни, сите видови рани на кожа, но и за нега на кожа.

Мојот мевлем им помогна на многу заболени ширум нашата земја, а нема ни европска земја во која барем едно кутивче мевлем не сум испратила.

Не можам да ја заборавам 80-годишната баба со гангрена на нога, која никој не смееше да ја оперира, бидејќи имаше проблеми со срцето. Нејзиниот сопруг слушнал за мене и заедно дојдоа по мевлемот. Си ја спаси ногата и после тоа живееше уште осум години.

Мирјана Пешиќ може да се побара преку страницата “Травари Србије”, најдолу има контакт телефон: http://travarisrbije.com/travar.php?id=56