Брзи душа-крофнести мекици со јогурт за 10 минути – вкусни и воздушести, без чекање да стасува тестото

Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – брзи мекици со јогурт.

Вкусни и воздушести мекици за кои не треба да чекате тестото да стасува. Прочитајте го рецептот и погледнете го видео прилогот од линкот – состојките веќе ги имате во кујна…

Потребни состојки:

2 јајца
200 мл јогурт
½ лажичка сол
300 г брашно
12 г прашок за печиво
масло

постапка:

Loading...

Во подлабок сад ставете две јајца, 200 мл јогурт, половина лажичка сол и убабо со жица за матење соединете ги состојките.

Кога ќе се изедначат, во смесата додадете 300 г брашно и 12 г прашок за печиво 9една кесичка). Со рака замесете го тестото кое на крај треба да биде меко, мазно и сосем малку лепливо.

Тестото не треба да одмора, туку веднаш истресете го врз набрашнета површина и со помош на оклагија развлечете голема тенка кора.

Со помош на модла или чаша вадете ги крофничките. Остатокот од тестото повторно размесете го и развлечете го во кора. Вадете крофнички додека да ви се потроши целото тесто.

Во меѓувреме во тенџере загрејте масло на умерена температура, па во него спуштајте ги крофничките. Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат.

Со решеткаста лажица вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Loading...