Колачот кој се приготвува со бисквити и крем е познат како „Унгарка“, а овојпат ви ја претставуваме брзата верзија, но која нималку не заостанува зад вкусопт на оригиналната торта. Не се пече и сè е готово за 20 минути.
Бисквитите можете да ги редите во слоеви, или да ги искршите со раце, па сето заедно да го помешате во една смеса. Единствено што ќе ви преостане е да го оладите колачот, и да го прелиете со глазура по желба. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 мл вода, 200-250 г путер или маргарин, 100 г (5 супени лажици или по вкус) шеќер , 200 г чоколадо за готвење, 1 килограм петит бисквити или некои други бисквити со путер и малку млеко по потреба
ПОСТАПКА: Растопете ги водата и путерот, па додајте ги чоколадото искршено на коцки и шеќерот. Се меша со жица за матење или со лажица, а кога ќе се формира изедначена смеса тргнете ја од оган и оставете малку да се излади.
Потопете ги бисквитите во млеко, па во тавата ставете ред бисквити, па ред чоколаден крем и така додека не ги потрошите сите состојки. Можете едноставно бисквитите да ги искршите со рака и да ги прелиете со смесата.
По желба, во оваа смеса може да додадете и една рака сечкани јатки. Кога добро ќе ги измешате, целата смеса сипете ја во калап 30х40 см или приближно, обложен со стреч-фолија. Оставете во фрижидер да се стегне и да омекнат бисквитите.
Доколку сакате да направите и глазура, можете да ја направите така што ќе загреете 500 мл слатка павлака (внимавајте, не треба да зоврие), па во неа додајте 200 г чоколадо за готвење.
Со постојано мешање со жица за матење, оставете го целосно да се растопи чоколадото. Залијте го колачот, па оставете ја да се стегне преку ноќ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „Ледена торта – Брза, вкусна и без печење“ – се приготвува брзо и лесно, слично како „Унгарката“, а можете да погледнете и видеопрезентација. Рецепт ОВДЕ.