БРЗА ПЛАЗМА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Лесна, вкусна и многу брзо се подготвува

Четири слоја плазма кекси, четири слоја ванилин крем. Без печењее, кратко готвење на кремот од јајца со вкус на ванила и сè вкупно од започнувањето до крајот на приготвувањето – половина час време. За малку тортава ќе го добиеше името „редена“, затоа што ништо не се пече, само кексите и филот се редат едни врз други.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 цели јајца, 180 г шеќер, 80 г скроб/густин/нишесте, 750 мл млеко, 100 г путер, 200 г кисела павлака, екстракт од ванила. За плазма делот: 500 г мелени плазма кекси, 150 мл млеко, 150 г путер




ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата со шеќерот и скробот, а смесата разредете ја со околу 200 мл ладно млеко, а остатокот 550 мл (од вкупно 750 мл) ставете го на оган да зоврие.




Пред да зоврие додајте ја претходно подготвената смеса со јајца и скроб, па со непрекинато мешање сварете го кремот додека да згусне исто како пудинг. на крајот од варењето изматете го кремот со миксер или маталка за да нема грутчиња.




Тргнете го тенџерето од оган и додека е сè уште врел кремот, во него додајте путер и ванила, па мешајте додека путерот целосно да се растопи и инкорпорира во смесата. На крај додајте ја киселата павлака и уште еднаш повторно изматете.




Подготвениот фил оставете го на страна да се подизлади малку додека ја приготвувате смесата за корите. Во подлабок сад измешајте мелена плазма, растопен путер и млеко, па добро изработете да се соединат состојките.




Во смесата не смее да останат суви делови од кексот, затоа добро измешајте. Повторно изматете го филот. Калап за торти со пречник од 26 см премачкајте го малку со масло за подоцна полесно да се извади од обрачот.




Поделете го плазма делот на четири еднакви делови, за четирите тенки корички. Ќе добиете четири пати по 200 грама. На дното рамномерно распоредете го првиот дел, израмнете, па прелијте го со четвртина фил.




Внимателно врз филот распоредете ја втортата четвртина од плазма делот, а врз него повторно нанесете фил. постапката повторете ја додека да се потроши материјалот. На крај се добива четири делови кекси и четири делови фил.




Кога ќе го премачкате последниот дел, тортата ставете ја во фрижидер на ладење, неколку часови за да може убаво да се стегне. Потоа внимателно отстранете го обрачот, декорирајте по желба и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.




Претходна статијаИЗМЕШАЈТЕ СОДА ВО ЏЕМ И УШТЕ НЕКОЛКУ СОСТОЈКИ, ќе бидете изненади од колачот што ќе го направите
Следна статијаСИРУП ПРОТИВ КАШЛИЦА, ОБЛОГИ ОД КОСТЕН, ЛЕК ПРОТИВ ХЕМОРОИДИ И БУБРЕЖНИ КАМЕЊА – лекови кои редовно ги применувам и ги подготвувам сама