Брза пита со спанаќ, вкусна, здрава, едноставна

Потребни состојки:

1 лажица масли

1 главица кромид средна величина, ситно сечкан

1 пакување смрзнат спанаќ (или свеж, околу 0,5 – 1 кг, измиен, кратко обарен и исечкан)

5 изматени јајца

3 шолји рендан кашкавал (кој сака може и сирење)

сол, црн пипер

*по вкус можете да додадете печурки, црвена пиперка, лукче, домат

Постапка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и намастете ја тепсијата.

Исечканиот кромид пропржете го на средна температура, додека да стане стаклест, па додадете го одмрзнатиот спанаќ и пропржете ги малку заедно.

Изматете ги јајцата, кашкавалот, сол, црн пипер, па додадете ги во спанаќот.

Смесата излејте ја во тепсија и печете околу 30 минути или додека фати коричка.

Претходна статијаЛондонски коцки, многу вкусни ситни колачи
Следна статијаАроматичен леб со путер, млеко, лук и магдонос – сите ќе ви бараат рецепт