Рецепт за брза пита со месо без кори, идеална за појадок, ручек или вечера, брза и едноставна подготовка. Рецептот и видео презентацијата е на CooKing: Пита со месо без кори. Питата е со мелено месо, но без кори, и е идеална за појадок, вечера, како предјадење, за ужина.

Се приготвува многу едноставно и брзо. Одлично одговара со салата од домати или со шолја јогурт. За да ја приготвите оваа брза пита ќе ви бидат потребни следните состојки: 500 г мелено месо, 60 г кромид, сол, црн пипер, масло, 4 јајца, 10 лажици брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 2 лажички пармезан, 180 мл јогурт и 1 лажица масло.

Питата се пече во тепсија или плех со димензии 28х17 см или приближно. Постапка: На малку загреано масло пропржете ситно сечкан кромид. Посолете го и динстајте го под капак, со повремено промешување додека да омекне. Потоа додадете 500 г мелено месо, посолете го и запиперете го по вкус.

Измешајте го месото со кромидот и пржете го на умерена температура сè додека да ја смени бојата и да испарат соковите. Во посебен сад изматете 4 јајца со маталка, посолете ги по вкус. Додадете 180 мл јогурт и соединете во убава изедначена хомогена смеса.

Додадете 10 лажици брашно, една лажичка прашок за печиво (најубаво е ако ги просеете) и 2 лажички рендан пармезан. Изматете со маталка па додадете една лажица масло. Во смесата од јајца додадете го прженото и подизладено месо и промешајте за да се изедначат и соединат состојките.

Добиената смеса излејте ја во огноотпорен сад со димензии 28х17 см (претходно можете да го намастите и набрашните за да не ви лепи) и ставете да се пече на 200 степени додека убаво да зарумени, околу половина час.

Печената кора покријте ја со фолија и кујнска крпа за да омекне и да остане воздушеста и сочна, оставете ја малку да подизлати, па дури потоа сечете ја на коцки. Можете да ја послужите за појадок, вечера, но и како главен орбок. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.