Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни рецепти – Брза и вкусна пита со разновиден зеленчук. Се приготвува доста брзо и едноставно, а најмногу време можеби ќе ви одземе миењето и рендањето на зеленчукот. Потоа сè се меша и се пече.

за да приготвите оваа вкусна и здрава пита, ќе ви бидат потребни следните состојки: 4 јајца, 100 мл јогурт, 50 мл масло, половина супена лажица сол, 6 супени лажици брашно, 10 г прашок за печиво, 7 страка младо кромитче, 200 г спанаќ, 2 рендани моркови, 4 рендани компири, црн пипер, 200 г кисела павлака, 100 г сирење.

Постапка: Во подлабок сад скршете четири јајца и додадете 100 мл јогурт, 50 мл масло и половина супена лажица сол. Во течните состојки додадете 6 супени лажици брашно и една кесичка од 10 г прашок за печиво.

Состојките добро изматете ги со жица-малталка неколку минути додека да се разбијат сите грутчиња и да добиете хомогена и мазна, еднолична смеса. Во меѓувреме кромитчињата убаво измијте ги под млаз ладна вода, исцедете ги, па исечкајте ги на ситни тркалца.

Сечканото младо кромитче додадете го во приготвената смеса. Два моркови со средна големина излупете ги, па изрендајте ги и додадете ги во смесата. Листовите од спанаќ добро измијте ги, исцедете ги, па ситно исечкајте ги и додадете ги во преходната мешавина.

Компирите добро измијте ги пред да ги излупите, а потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето, па и нив додадете ги во мешавината. Зачинете со малку црн пипер и промешајте ги состојките со виљушка додека рамномерно да се распоредат и да се изедначи смесата.

Плех со димензии 30х40 см обложете го со хартија за печење, па излејте ја во него приготвената смеса, распоредете ја подеднакво преку целата површина и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути, додека малку да зарумени.

Кога питата ќе се испече после 25 минути, извадете ја на решетка оставете ја минутка да подизлади, па премачкјате ја одозгора со 5-6 големи лажици кисела павлака. одозгора наросете ја со 100 г рендано сирење. Вратете ја во загреана рерна на 200 степени да се допече уште 20 минути.

Печената пита извадете ја од плехот и оставете ја да ја подизлади пред сечењето. А потоа сечете ја на парчиња со големина по ваша желба и послужете ја. Питата е неодоливо вкусна. деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.