Home Рецепти БРЗА И ЕДНОСТАВНА – СОВРШЕНА ГЛАЗУРА ЗА ТОРТИ, без многу тинтарење –...

БРЗА И ЕДНОСТАВНА – СОВРШЕНА ГЛАЗУРА ЗА ТОРТИ, без многу тинтарење – готова за 10 минути

Потребни состојки:

2 лажици желатин

3 лажици вода

200 мл слатка павлака за шлаг

200 г црно чоколадо

Постапка:

Измешајте го желатинот со ладна вода. Оставете 10 минути да набубри. Внимателно загрејте неколку секунди (6-8) во микробранова печка додека целосно да се растопи.

На тивко загрејте ја слатката павлака. Тргнете од оган и додадете го искршеното чоколадо, па мешајте додека да се растопи. Додадете го и растопениот желатин. Почекајте некоја минута додека глазурата да се растопи (околу 37 степени), а потоа прелијте ја преку колачот. (за побрзо ладење мешајте со жица за матење).

Тортата која ја декорирате ставете ја на метална решетка, а глазурата која ќе се исцеди може повторно да се употреби додека е течна. Пред декорирање пожелно е тортата убаво да се измазни, да нема нерамнини. Оваа количина е доволна за торта 28-30 см.

Десертот изладете го за да се стегне глазурата. Пред сечење, ставете нож во врела вода, избришете го, па засечете. За секое повторно сечење, ножот повторно натопете го во врела вода.

<

Чоколадната глазура е совршена и после долго стоење на собна температура.