Потребни состојки:

500 г готови кори

4 јајца

1 чаша кисела павлака

1 чаша шеќер

1 чаша масло

1 чаша пченичен гриз

1 прашок за печиво

Фил од вишни:

1 кг вишни без семки

4-5 лажици гриз

ако правите со ореви:

300 г мелени ореви

4-5 лажици шеќер

за шербет:

600 г шеќер

800 мл вода, или мешавина вода и сокот што го пуштиле вишните

1 ванилин шеќер и 1 лимон

Постапка:

Прво сварете го шеќерниот прелив: шеќерот и водата варете ги 20 минути. На крај додадете ванилин шеќер и лимон исечен на тенки кругови. Оставете добро да излади.

Смеса за премачкување на корите: изматете ги јајцата со шеќер и додадете ги полека другите состојки: кисела павлака, масло, гриз и прашок за печиво.

Корите за пита поделете ги на половина, па во намастен, длабок плех почнете да ја редете првата половина од корите, секоја премачкувајќи ја со приготвената смеса од јајца (потрошете половина од смесата).

Одозгора наредете вишни и наросете ги со 4-5 лажици гриз. Доколку се одлучите за друга варијанта, па наместо вишни ставете ореви измешани со шечер. Преку филот наредете ја втората половина од корите, исто така секоја кора премачкана со смесата од јајца.

Горната кора премачкајте ја со масло или одвојте неколку лажици од смесата со јајаца, па премачкајте одозгора со неа.

Додека се грее рерната, исечете ја баклавата на квадратчиња. Печете на 180 степени додека да добие златножолта боја околу 20 минути.

Штом ќе ја извадите од рерна прелијте ја со ладниот шербет. Вратете ја назад во врелата рерна и оставете ја баклавата во неа уште 5 минути со подотворена вратничка.

Послужете ја следниот ден, убаво разладена.