БРЗ ПОЈАДОК: Вкусни печива без квасец…да му се даде медал на тој што го смислил рецептов! Ако сакате да подготвите нешто набрзина, а многу вкусни и заситно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Зеленчук:
1 црвена пиперка (исечкана на ситни коцкички)
6 млади кромитчиња (ситно сечкани)
1 грст свеж магдонос (ситно сечкан)
2 моркови (рендани)

За тесто:
2 јајца
1 мала чаша кисело млеко (цврст јогурт) 140 г
1 мала чаша млеко (100 мл)
80 г рендано сирење
3.5 чаши брашно (420 г)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
1 лажичка сол (8 г)

ПОСТАПКА:

1.Зеленчукот ситно исечкјате го и тргнете го настрана.

2.Во подлабок сад изматете ги јајцата со сите останати состојки, а на крај додајте го брашното со прашокот за печиво. Мешајте со шпатула додека да се формира меко, лепливо тесто.

3.Додајте го зеленчукот и замесете со рака за да се распоредат состојките рамномерно.

4.Намастете ги рацете. Потопете лажица во масло и црпете од смесата, па со дланките обликувајте топчиња.

5.Во тава загрејте масло со длабочина од 1-2 см и пржете ги печивата на умерен оган, по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.