БРЗ ПОЈАДОК…Вкусни пишии со шунка и кашкавал, ги спремам за 15 минути и уште топли ги изедуваме…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
220 мл течен јогурт
420 г брашно
1/2 лажичка сол
1/2лажичка шеќер
1 прашок за печиво
150 г рендана шунка
100 г рендан кашкавал
1 рака спанаќ/магдонос или нешто по вкус

ПОСТАПКА:

Од наведените состојки замесете компактно тесто. Домесете го на набрашнета површина 1-2 минути, па оставете го да одмори 15 минути. Потоа развлечете го во правоаголна кора со дебелина од 1 см и исечете го на парчиња по желба.

Пржете ги од двете страни на умерена температура додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

БРЗИ ПИШИИ: Децата секогаш се радосни кога ќе видат дека ги правам