Потребни состојки:

4 јајца

4 лажици шеќер

4 лажици брашно

1 лажица масло

1 прашок за печиво (а може и без него)

За крем од малини:

3 пудинг од ванила ( може 1 од ванила + 2 од малини)

375 мл сируп од бозел (или сируп од малини или некој друг)

500 мл вода

750 г малини (свежи или замрзнати)

За бел крем:

600 г слатка павлака за шлаг

1-2 густ јогурт

По желба сок од лимон

По желба шеќер во прав

1-2 желатин во прав (зависи колку јогурт ќе ставите)

И уште:

Бисквити, малку шлаг измешан со јогуртот од белиот крем, свежи малини и листови нане/мента

Постапка:

Посебно изматете ги белките, потоа постепено додавајте го шеќерот и матете додека се растопи, па потоа додадете ги жолчките, маслото и брашното измешано со прашок за печиво. Печете додека да зарумени на околу 180 степени.

На вода сварете го пудингот со сируп од бозел или малина и малку шеќер. Кога ќе се свари, уште додека е врел додадете ги малините и прелијте врз испечената и изладена кора.

Изматете ја слатката павлака во шлаг, додадете јогурт (оставете малку од јогуртот за декорација), сок од лимон (кој сака) и шеќер во прав и на крај растопениот желатин (според упатството на кесичката).

Кога слојот со малини малку ќе излади, ставете го белиот фил.

Врз белиот фил веднаш наредете бисквити. Оставете преку ноќ во фрижидер убаво да се стегне.

Пред послужување во шприц ставете остаток од белиот фил и украсете врз биксвитите, ставете малина и лист од нане или нешто слично.