Брз колач, специјалитет од унгарската кујна кој мора да го пробате

Потребни состојки:

1/2 маргарин од 250 г

2 лажици шеќер за тестото

2 жолчки

300 г брашно

1/2 квасец

4 лажици млеко

1 прстофат сода бикарбона (на врв нож)

250 г мелени ореви

250 г шеќер за фил

Џем од кајсии по вкус

100 г чоколадо за готвење

1 лажица масло за глазура

100 г маргарин за глазура

Постапка:

Од наведените состојки замесете тесто. Поделете го на три дела. Измешајте ги оревите и шеќерот.

Развиената кора ставете ја во тепсија премачкана со маргарин и наросена со брашно.

Кората премачкајте ја со џем од кајсии и наросете со мешавина од ореви (250 г) и шеќер (250 г).

Развијте ги и другите кори и повторете ја постапката. Горната кора не се премачкува.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени, 10-15 минути. Изладениот колач прелијте го со глазура од чоколадо (100 г чоколадо за готвење, 100 г маргарин и 1 лажица масло).

domacinskirecepti.info

Претходна статијаБрзи плазма топчиња – мора да ги пробате зошто се фантастични!
Следна статијаОбланди БОЖИЌНА БАЈКА: вака вкусни и крцкави колачиња сè уште не сте пробале