БРЗ КОЛАЧ СО ТИКВА БЕЗ БРАШНО: Исечкај, нареди и испечи…многу вкусен десерт за секој ден! наместо брашно се користат овесни снегулки потопени во млеко. Колачот не содржи ниту шеќер, тоест доколку тиквата е слатка, не мора воопшто да се додава засладувач.

Секако, можете да додадете по вкус. Освен тиква, во овој колач додадовме по едно сечкано јаболко и круша, а вие по желба може да додадете и суво овошје. Толку лесно се подготвува, што секој може да го направи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 + 1 чаша овес (снегулки + мелени снегулки).
2 чаши млеко
70 мл растително масло
малку сируп од агаве/мед или друг засладувач по желба (не мора)
1 лажиче ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво

1 крушовидна тиква
1 јаболко
1 круша
малку засладувач по вкус и желба за наросување
малку цимет
1-2 раце ореви

малку семки од тиква и ленено семе за наросување одозгора
Печете на 180°C 40 минути.

ПОСТАПКА:

Во длабок сад измешајте ги овесните снегулки и млекото. Една чаша овесни снегулки сомелете ја во блендер додека добиете брашно. Помешајте, додајте масло, малку агаве или друг засладувач и ванилин шеќер.

Промешајте и оставете настрана за да набубри овесот. За тоа време излупете ја и исчистете ја тиквата, па исечете ја на коцкички. Распоредете ги на дното на калап за торти, обложен со хартија за печење и намастен.

Врз тиквата распоредете исечено јаболко и круша на коцки, а врз нив нафрлете сечкани ореви или јатки по ваш избор.

Потоа во мешавината од млеко и овес додајте го прашокот од печиво, промешајте и сипете ја целата содржина врз тиквата.

Добро протресете го калапот и потчукнете го неколкупати од масата за да се распореди насекаде.

Ова е важно за да се спушти смесата помеѓу коцкичките тиква до долу.

Одозгора наросете семки од тиква и ленено семе (или по ваш избор) и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, приближно 40 минути.

Извадете ја и оставете ја да се подозлади, а потоа отстранете го обрачот и послужете ја. Ќе забележите дена не само што е многу вкусна, туку и мириса неодоливо. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.