Брз колач со ореви, јаболка и чоколадо – се меша со лажица и се пече…Многу брзо, лесно и едноставно, а сочно и вкусно…

Ова е уште еден брз и вкусен колач за сите оние кои немаат многу време за приготвување на слатки, а сепак сакаат нешто домашно и вкусно.

Направете го еднаш колачот, па ќе видите колку често ќе ви бараат повторно да им го направите. Еве што е потребно:

Потребни состојки (чаша од 200 мл): 

2 чаши мелени ореви,
2 чаши рендани јаболка,
2 чаши шеќер,
200 г гриз,
½ чаша масло,
1 чаша млеко (за посно – сок или растително млеко)
1 прашок за печиво.
За прелив: 100 г чоколадо, 2-3 лажици масло

Постапка: 

Во подлабок сад сите состојки за тестото измешајте ги со лажица додека да добиете хомогена смеса без грутчиња.

Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна големина, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Печениот колач оставете го малку да излади, па кога ќе биде млак прелијте со чоколадна глазура.

Се користи јогуртна чаша или чаша од 200 мл. Колачот е малку ронлив, ама е превкусен, феноменален е!