Фотографија и рецепт на Цакич Мејра. Колачот е наречен “Баклава” и се мери со една иста чаша од 200 мл, само наместо гриз додадов 3 шолји орев (а се печеше во плех 20х20 см), многу едноставен и добар колач.

Потребни состојки: 4 јајца, 2 шолји шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 шолја гриз, 1 шолја остро брашно и 2 шолји мелени ореви. За сируп: 500 мл вода и 2 шолји шеќер. Постапка: Прво се приготвува сирупот за да има време да излади додека колачот се пече.

Измешајте ја водата со шеќерот, па ставете на оган. Нека врие неколку минути, па тргнете од оган. Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Изматете ги јајцата со шеќерот додека да побелат и згуснат.

Во друг сад измешајте ги сувите состојки, па додадете ги во матените јајца и промешајте со жица. Потоа додадете ги течните состојки и изедначете ја смесата да нема грутчиња.

Плех со величина 25х30 см или по ваш избор, намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја приготвената смеса. Потенка баклава се пече во голема тепсија, а подебела во помала тепсија.

Печената баклава полијте ја со изладен сируп и оставете да излади на собна температура, па потоа ставете ја во фрижидер. Потоа сечете на коцки, ромбови или триаголници и послужете.

Фотографија и рецепт на Цакич Мејра