БРЗ И МНОГУ ВКУСЕН ПОЈАДОК…Ова ми е еден од фаворитните рецепти…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 грст ситно сеќкан магдонос
100 г фета / ситно сирење
100 г рендан чедар/кашкавал
1 јајце
90 мл млеко
10 г прашок за печиво
8 г сол или по вкус
300-330 г брашно
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги сите состојки освен брашното и прашокот за печиво. Нив додајте ги на крај, постепено. Тестото треба да е меко, но да не се лепи за рака.
2.Исечете го на 6 парчиња за полесно да се работи. Земете едно парче и дланките извалајте го во долгнавест валјак. Постапката повторете ја и со остатокот од тестото.
3.Валјаците исечете ги на парчиња со еднаква должина.
4.Спуштајте ги во умерено загреано масло и пржете ги по неколку минути од двете страни додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/wGq4Kiy53gs?si=vjIWudiK1O61sXDz