Фотографија и рецепт на Рената Трајчевска. Рецептот за овој прекрасен, супербрз колач го објави нашата драга Рената Трајчевска во нашата и ваша група НМД рецепти.

Потребни состојки: 4 мандарини, 3 јајца, 160 г шеќер, 80 мл млеко, 80 мл масло, 280 г брашно и 1 прашок за печиво

Постапка: Јајцата пенасто се матат заедно со шеќерот, па откако ќе згуснат, во нив се додаваат мандарините, претходно изблендирани на покрупно.

Се промешува, се додава и млекото, лажица по лажица се додава брашното, маслото и на крај прашокот за печиво. Добиената смеса се излева во калап за торти, претходно намастен и набрашнет.

Се пече во загреана рерна на 180 степени, 45 минути. Добар апетит!

Фотографија и рецепт на Рената Трајчевска