Брашно, газирана вода и мајонез…Подобри и повкусни мекици од овие нема…Имаме 2 рецепти, еден без квасец и вториот со квасец. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

450 г брашно
0.5 лажичка сол
1 лажичка шеќер
3 лажици мајонез
1 јајце
200 мл газирана вода
3 лажици масло

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6.5 чаши брашно (780 г)
3 чаши топла вода (600 мл)
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 кесичка инстант квасец

ПОСТАПКА за рецепт 1:

1.Замесете тесто од сите наведени состојки. Месете 5-10 минути додека убаво да се измазни. Покријте го и оставете го да одмори 30 минути.

2.Тестото поделете го на 8 дела, а потоа обликувајте ги во топчиња. Оставете да одморат 5-10 минути.

3.На набрашнета површина секое топче развлечете го во тенка кора. Корите пржете ги во умерено загреано масло по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат.

Постапката за рецепт 1 погледнете ја ОВДЕ. Постапката за рецепт 2, пишаниот текст и видеото можете да ги погледнете подолу.

ПОСТАПКА за рецепт 2:

1.Во топлата (млака) вода растворете ги шеќерот и квасецот. Замесете тесто со постепено додавање на брашното помешано со сол. Тестото е доста меки и малку лепливо на рака. Оставете го покриено да ферментира 30 минути.

2.Тестото поделете го на 7 дела, па обликувајте ги во топчиња. Покријте ги да одморат 10 минути. На набрашнета површина секое топче отворете го во кора, но без оклагија, туку со прсти (како за фокача).

3.Во средината на секоја кора направете мало дупче. Пржете ги корите во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/8NB3Wa4PrfE?si=QVZV7Sf5drDpyajy