Божји дар за жените: ја чува косата од опаѓање, спречува создавање на тромб, ги чисти цревата

Сусамот е омилена намирница на ориенталните и северноафриканските народи, а за неговото лековито дејство против ќелавост, првут, забоболка, зуење во ушите, ишијас и сл., не се запознати многумина.

Семето на сусамот содржи најголема концентрација на фитостероли, односно супстанција која според хемиската структура најмногу наликува на холестеролот.

Фитостеролите имаат моќ, доколку редовно се присутни во исхраната, да го редуцираат нивото на „лошиот“ холестерол во кр-вта, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од појава на некои типови на кар-цином.

Сусамовото масло претставува добра превенција против создавање на тромб, односно згрутчување на кр-вта, но и против хронична опстипација. Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороиди.

Во народната медицина се користи и за санирање на пов-реди, акни, чирови, изго-реници. Сусамот е исклучително богат со железо, па затоа е доволно да се внесст 50 грама од ова семе за да се задоволи дневната потреба на човекот со овој минерал. Освен железото, во големо количество е присутен и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот.

Од витамините посебно место зазема витаминот Е, кој е силен антиоксиданс што ги штити клетките од стареење, појава на ту-мор и срцеви болести. Истовремено, одличен извор е и на тиамин Б1, пиридоксин Б6, ниацин, фолна киселина и рибофлавин.

Сезаминот е уште една состојка, која е важна за заштита на црниот дроб од оксидативни оштетувања. Истражувањата покажале дека сусамот е ефикасен и при воспаленија и б олки кај ревматолошкиот артритис, како и при астматичните на-пади.

Иако е тежок за чувствителен стомак, сусамот сепак повремено треба да се кон-сумира, бидејќи е совршен чистач на органите за варење.

Намирницата која успешно го успорува стареењето, се користи за приготвување на разни теста, но и како зачин за месо и зеленчук. Надалеку е познат како тахини, паста која се приготвува од мелен печен сусам. Од семето може да се приготвува и млеко.

Познато е дека Асирците, Вавилонците и старите Египќани го користеле како лек против ќелавост, зуење во ушите и ишијас, а денес е основна состојка на печивата, намазите и слатките.

Ма-гичните зборови кои ги изговара Али-баба: „Сезаме отвори се!” инспирирани се од сусамовите мешунки кои кога созреваат, се отвораат многу екс-плозивно.

ГИ ЈАКНЕ НЕРВИТЕ

Поради високата количина на фитостерол, кој по хемиската сруктура е сличен на холестеролот, претставува моќен регулатор на мастите во кр-вта. Покрај тоа, фитостеролите можат да го намалат ризикот од појава на кар-цином и да го подобрат имунитетот.

Семето од сусам е иделано за превенција од создавање на тромб, а поради лецитинот кој многу позитивно делува врз нашиот нервен систем, се препорачува и при умор, деп-ресија, а и докажано е дека присуството на магнезиум ги намалува силните мигренски главоболки и го нормализира спиењето.

ЧИСТАЧ НА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ

Иако тешко се вари, сусамот треба да се јаде, но повремено кај оние кои имаат чувствителен стомак, бидејќи претставува многу успешен чистач на органите за варење.

Сусамот можете да го пропжите или препечете на тивок оган. Покрај тоа, многу е делотворен кај опстипација, нередовна столица и отстранување на сите цревни паразити.

За лекување на хемороиди, нема подобар лек од пастата која можете сами да ја направите: измешајте лажица сомелен сусам со две лажици вода и лажичка путер, па намачкајте на тост.

ГИ ЧУВА КОСКИТЕ И КОЖАТА

Делотворен е за воспаленија и болки кај ревматоиден артритис и остеопороза, но оние кои немаат во организмот доволно калциум им се советува консумација од две лажици сусам и 50 мл јогурт. Ова треба да се јаде секое утро на празен стомак.

Сусамот е добар и за кожата, бидејќи спречува развој на бактериите, габички и акни, а покрај тоа ја поттикнува работата на кожните хормони, ефикасно ги намалува луз-ните, лекува сува и осетлива кожа.

КОРИСЕН ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

Калциумот од сусамот докажано ги намалува б олките и гр-чевите во мазната мускулатура и ги олеснува тегобите во ПМС. Многу е важен во исхраната на трудниците, бидејќи има седумпати повеќе калциум од млекото. Сусамот содржи растителни влакна кои значително помагаат при опстипација, која многу често се јавува во текот на бременоста, па се препорачува да се консумира во мелена форма.

ДОДАТОК НА СИТЕ ЈАДЕЊА

Намирницата која успешно го успорува стареењето, најзастапена е во блискоисточната, афричката и азиската кујна, но во целиот свет се користи за приготвување на разни теста и печива.

Во Америка масовно се користи како зачин за месото и зеленчукот, а сусамовото масло се користи како замена на маслиновото и од него прават путер. Од мелениот печен сусам се приготвува пастата наречена тахини, а од семките се прави дури и млеко.

Loading...
Претходна статијаЗошто треба да јадете цреши секој ден – Само еден грст цреши спречува сто болести
Следна статијаБрза велигденска погача, преубава и превкусна, ја збогатува трпезата, а се подготвува многу брзо