БОГ СЕ ЈАВИ: Денес е петок но и Господов празник, дали треба да се пости? Одговорот го дава свештеник на МПЦ

Меѓу луѓето се појави дилема дали денес на Богојавление – Водици треба да се пости ли не, бидејќи се паѓа во петок.

Знаеме дека кога ќе се падне слава на голем светител во среда или петок, истата треба да биде посна, но дали тоа важи за Богојавление – Водоци?

Дилемата ја разрешува свештеникот во МПЦ, отец Бобан Митевски, еве го неговото објаснување:

“Бидејќи се добива впечаток од разните реакции и дискусии дека има дилеми, па дури и погрешно информирање, околу тоа дали годинава на празникот Богојавление – Водици (19.1) трпезата треба да биде посна или мрсна (паѓа во петок) – треба да се знае дека овој празник, без разлика во кој ден ќе падне, секогаш е мрсно.

Утрешниот ден, пак, Собор на свети Јован (20.1), ако падне во среда или петок – е посно.”

Бидејќи се добива впечаток од разните реакции и дискусии дека има дилеми, па дури и погрешно информирање, околу тоа дали…

Публикувахте от Презвитер Бобан Митевски в 14 януари 2018 г.

Loading...