Сè во животот се случува точно во моментот што е предвиден и кога е најдобро да се случи. Кога ќе го прифатите тој факт, животот станува полесен и порелаксиран.

Никој од нас не може ни да претпостави што ќе ни донесе следниот ден. Божјите планови му се познати само нему. Наше е да го искористиме максимумот од секој ден и да уживаме во него колку што можеме.

Толку сме опседнати со проблеми што речиси никогаш не одвојуваме неколку минути да се помолиме и да му благодариме на Бога за сè што имаме во моментот. Луѓето се претежно насочени кон негативното и никогаш не наоѓаат време да му се заблагодарат на животот за доброто што им се случува.

Таква е природата на човекот. Кога сè е по негов вкус, тој заборава на Бога. Пред спиење, претпочитаме да гледаме фотографии на социјалните мрежи, да читаме озборувања за познатите луѓе, но не пронаоѓаме време за најважните работи.

Во моментот кога ќе нè снајде неволја, ние се сеќаваме на Бога. Како по правило, едно лице се свртува кон религијата само кога ќе се најде во проблем. Кога ќе ја изгубиме работата или кога некој наш близок е болен.

Во ситуации кога не знаеме што и како да постапиме, се обраќаме кон Бога. Кога доживуваме некое отфрлање иако сме сториле сè како што треба, следува прашањето зошто да ни се случи токму нам такво нешто.

Обично нè м ачат прашања за тоа дали сме постапиле правилно, дали тоа се случило по наша вина. Единствениот одговор на овие прашања е дека Бог си има свој план. Ако нешто не оди според планот, тоа е затоа што не е време да се оствари посакуваната желба.

Многу е тешко да се помириме со идејата дека замисленото не се реализирало веднаш. Постои чувство на л утина, вознемиреност и нер.воза. Факт е дека остварувањето на целта би предизвикало некои други проблеми, па затоа си има правилно време за сè во животот.

Затоа, наместо да тагувате за она што не се случило, прифатете ја таквата ситуација и продолжете понатаму.

Човечка природа е да се сака сè и веднаш, но погледнете го тоа на овој начин: одложувањето на некои работи всушност нè штити од некои лоши работи кои би можеле да ни се случат.

Она што е предодредено ќе се случи порано или подоцна, а она што не ни е запишано во судбината, подобро е никогаш да не се реализира. Затоа и старите имале мудри изреки, како: „Со глава во ѕид не се у дира“

Наместо да бркате нешто за што не сте подготвени во моментот, подобро е да бидете трпеливи и да верувате во Бога. Брзањето и нетрпеливоста се главните не-пријатели. Бидете трпеливи и ќе видите што следно ви подготвил животот.

Кога гледате филм, не започнувате го од крајот, иако едвај чекате на финалето. Така е и во животот, тој е патување, а не дестинација.

Дали сте забележале дека зрелите луѓе никогаш не брзаат и не се нервираат кога нема да го добијат она што го сакаат? Тие се смирени и сигурни во себе и во својот пат, бидејќи разбираат дека Бог е свесен за сите нивни желби и цели.

Не е важно колку сте религиозни или колку често одите во црква. Дури и денес, Бог се грижи за тоа што точно треба да се случи во твојот живот. Сите сме исти, кога плановите ќе пропаднат, почнуваме да се сомневаме во Бога, но тој никогаш не греши.

Тој само ги прави вистинските работи во вистинско време. Колку и да се трудиме да ги испланираме посакуваните настани, сè си има свое време. Кога ќе го прифатите овој факт со сето свое срце и душа, животот станува полесен.

Вистинското време не е она што сте го испланирале, туку она што ви е предодредено. Прифатете го фактот дека работите никогаш нема да одат 100 проценти според вашиот план и верувајте во совршениот план на Бога.

Јасно е дека треба да се бориме за целите, а не да седиме и да чекаме за вистинското време, но во случај на неуспех, не треба да очајуваме, туку да продолжиме и да бидеме трпеливи.

На крајот, секогаш ќе го добиете она што го заслужувате, во моментот кога е најдобро за вас.