БЕЗГЛУТЕНСКИ ДИЕТАЛЕН ЛЕБ ОД 4 СОСТОЈКИ…Многу вкусен и здрав, без брашно и без масло, а ве држи сити цел ден…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (по потреба зголемете ја количината):
2 јајца
1/2 чаша таан
1 рака ореви
1/2 кесичка прашок за печиво
ПОСТАПКА:
1.Изматете ги јајцата со жица, а потоа додајте го таанот и соединете. Вмешајте ги оревите и прашокот за печиво. Изедначете.
2.Мал огноотпорен сад обложете го со хартија за печење и излејте ја во него смесата. Одозгора посипете сусам, црн ким или семки по желба.
3.Печете во загреана рерна на 190 степени додека да зарумени.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.