Гастроентерологот во гостувањето на „Прва“ овојпат говореше за јогуртот како пробиотик и ја разоткри заблудата за овој млечен напиток, имунитетот и пробиотиците.
Гастроентерологот професор д-р Воислав Перишиќ говореше за јогуртот, за кој се вели дека е „чудо“ за имунитет и дигестијата и рече дека ништо од сето тоа не е точно. Тој препорачува друг, поздрав и поприроден млечен производ, пишува НМД.мк
Имено, докторот го проверил составот на еден јогурт по случаен избор (не го откри производителот), и притоа забележал дека во него освен додаден скроб за добивање на густина, содржи и додаден шеќер.
Таквиот јогурт сам по себе не е штетен, но не е ниту корисен за каков што се смета. Ова особено треба да го знаат дијабетичарите и сите кои го одбегнуваат шеќерот, на пример.
Исто така, докторот во гостувањето објасни и дека додека работел во Велика Британија се стекнал со познавања од областа на пробиотиците, и дека ваквиот јогурт не може да ги замени потребните пробиотици додека се пие антибиотик, на пример.
„Синоќа прашав еден пријател, постар човек, домаќин од Златар. Го прашав, кога пиевте јогурт таму? Никогаш! Само земале кисело млеко. Тоа е природен продукт добиен по пат на ферментација со добри бактерии, има многу корисни бенефити за организмот, ја ферментира лактозата и го намалува нејзиниот процент, па можат да го јадат дури и оние кои имаат нетолеранција на лактоза. Киселото млеко е неприкосновено “, рече тој.
Професорот, кој изненади многумина зборувајќи дали лебот е штетен и како да се препознае лажното сирење, рече дека за да се зајакне организмот во таа смисла, не треба да пиете млеко или јогурт, туку да јадете кисело млеко.“
„Проверив што е напишано на амбалажата од јогуртот од продавницата, пишува – лактоза 4 проценти. А потоа пишува, шеќери, исто четири проценти! Кои шеќери? Какви? Од каде дошле тие шеќери?
Децата кои имаат целијачна болест не реагираат на јогуртот. Зошто? Бидејќи се додава скроб. Затоа има фина густина и сладок вкус. И тогаш што е со тие четири проценти? Нека ми објаснат производителите!
Јогуртот потенцијално содржи шеќери (за подобар вкус) кои може да ја пореметуваат работата на добрите бактерии. Многумина заради оваа моја изјава ќе ме проко-лнат, но тоа е вистината”, рече тој.
Тогаш, зошто пиеме јогурт заедно со антибиотиците?
„Па немојте, нема причина, земете си кисело млеко. Јогуртот го пиете единствено затоа што е полесен за кон-сумација, го пиете од чаша, а киселото млеко треба да го јадете со лажица.
Текстурата и вкусот се клучот, а од маркетиншка страна е полесно да се прифати јогуртот. Јогуртот не е замена за пробиотиците. Јас се занимавав со пробиотици во Велика Британија.
Бактериите за ферментација на млечната киселина помагаат само при нетолеранција на лактоза, сè друго се ефектите на додадени бактерии. Природно е киселото млеко, а не јогуртот”, рече тој .
Дали е вистина дека и јогуртот и киселото млеко го чуваат имунитетот?
„Апсолутно не. Свежото овошје и зеленчук го чува имунитетот, тоа се факторите на нашиот имунолошки одговор”, објасни тој.
Дали има нешто што го прави јогуртот добар?
„Јогуртот не е ште-тен, но знаете што е проблемот, тој е вкусен. И на луѓето им се допаѓа вкусот, тие сакаат убави вкусови и да си удоволат себеси”, рече тој. Сега на пазарите има помалку масни јогурти, овошни, а професорот Перишиќ вели дека грчкиот е најпопуларен, а што помасен, толку подобро.
„Осум проценти масти, а лактоза исто колку и масти, знаете зошто на луѓето им се допаѓа? Прекрасно чувство на ситост кога го пиете, тоа е полномасно, тајната на грчкиот јогурт е во еуфо-ричниот ефект! Кога ќе видите помалку проценти масти, исто така, не е лошо, сè додека нема додаден скроб во него“, рече тој.