Без печење: Милка торта готова за 30 минути

Сигурно сте се прашувале како се прави Милка, тој фантастичен вкус кој остава без здив!

Ова е рецепт по кој можете да направите Милка торта за само 30 минути.

Потребни состојки:

1 литар млеко

10 лажици шеќер

3 пудинзи од ванила

300 г млечно Милка чоколадо

100 г бело милка чоколадо

500 мл слатка павлака

плазма бисквити колку што е големо дното на калапот, за основа на тортата

Постапка:

200 мл млеко искористите за да го разматите пудингот и шеќерот. Останатото млеко 800 мл ставете го да зоврие, па додајте го разматениот пудинг и шеќерот.

Врелата смеса поделете ја на половина, па во едниот дел ставете го белото, а во другиот млечното чоколадо и мешајте дури не се растопат.

Измиксирајте ја слатката павлака, па половина тргнете на страна, а по четвртина ставете во двете смеси.

Во тркалазен калап обложен со кеса или проѕирна фолија излијте го белиот крем, а потоа остатокот од слатката павлака (половината која остана) па одозгора ставете го темниот крем.

Потоа ставете ред кекс потопен во млеко. Затворете ги краевите на кесата и оставете ја тортата во ладилник неколку часа да се стегне.

Извадете, отворете ја кесата, со помош на тацна превртете ја тортата и вашата Милка ќе биде со идеален облик.

Претходна статијаБрзо, евтино и вкусно – чоколаден колач од само 2 состојки
Следна статијаЛек за една од најдосадните бактерии: Ешерихија коли-запишете си го, проверено ефикасен!