Неверојатно лесен и едноставен рецепт. Ако се одземе времето за стасување на тестото и печењето, ќе би биде потребно многу кратко време за да ги приготвите овие неверојатно лесни и супермеки, пуфнасти млечни печива кои имаат неодолив мирис и вкус.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 230 мл топло млеко, 1 мала лажичка сув квасец, 3 лажици шеќер (40 г)*, 1 јајце (50 г), 1 лажица масло за готвење (15 мл), 350 г меко брашно, половина лажичка сол (3 г), калап/плех 23х23 см; се пече 20-25 минути на 180 степени.
* Квасецот ќе го „потроши“ шеќерот, но кој сака може да го намали шеќерот на 1,5 лажица.
ПОСТАПКА: Во млако млеко ставете една лажичка сув инстант квасец и додајте го шеќерот. Во течните состојки додајте и едно јајце (приближно 50 г тежина), но внимавајте да не е од фрижидер, туку да биде на собна температура.
Додајте и малку масло, па промешајте со лажица или шпатула за да се соединат и изедначат состојките, а шеќерот да се растопи. Потоа постепено започнете да го додавате брашното и половина лажичка сол. Мешајте непрекинато.
Нема потреба да месите со рака, тестото е доста меко и лепливо, па доволно е само добро да го изработите со лажицата/шпатулата или доколку имате миксер со продолжетоци за тесто, тогаш можете неколку минути да ги измесите и машински.
Мешањето нема да ви одземе повеќе од две минути.
Покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да стасува околу еден час или додека да ја удвои величината. Потоа со шпатулата/лажицата малку промешајте го, па истресете го на набрашнета површина.
Тестото набрашнете го и одозгора, па нежно до натапкување со помош на дланките формирајте топка. Потоа тестото поделете го на 9 еднакви делови (со шпакла или набрашнет нож за да не ви лепи).
Од секое парче формирајте топче (без многу да го мал-третирате тестото, само едноставно соберете ги краевите во средина и истркалајте го во дланката).
На овој начин и почетниците во кујна ќе можат да подготват совршено печиво, исто како од професионалните пекарници.
Топчињата покријте ги за да не се сушат и оставете ги одморат на топло место околу 15-тина минути.
Потоа постапката треба да се повтори уште еднаш: на набрашнета површина, секое топче малку спласкајте го со дланките, а потоа соберете го повторно во топче, исто како и првиот пат.
Вака приготвените топчиња наредете ги во плех или калап со димензии 23х23 см, претходно обложен со хартија за печење.
Покријте ги одозгора со проѕирна фолија и овојпат оставете ги да стасуваат еден час за да нараснат убаво, двојно од својата големина.
Одозгора можете да ги наросите со малку скроб, па да ги ставите во претходно добро загреана рерна на 175 степени Целзиусови, 22 минути, а последните 8 минути треба да се покријат одозгора со фолија за да не се препечат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.