Ако ви се јаде вкусен колач, но не сакате да се валкате со тесто и да миете многу садови после готвењето, тогаш за вас имаме едно одлично изненадување:

Брз и необилен рецепт за колач кој се приготвува во зип-кеса! Со помош на една ваква кеса можете за многу кратко време да приготвите тесто кое ќе го оставите самото да стаса, а потоа ќе го излеете во калап, ќе наредите со сечкани јаболка и ќе го испечете.

Има ли нешто погенијално од ова? Ќе се сложите – нема, барем ние не сме сретнале во последно време, а доколку знаете некој ваков сличен рецепт, слободно споделете го во коментар со читателите на НМД. Еве го рецептот за колач со јаболка приготвен во кеса:

Потребни состојки: 280 г брашно, 25 г шеќер, 3 г сол, 5 г ванилин шеќер, 4 г сув квасец, 1 јајце, 20 мл растопен путер, 150 мл топло млеко. За филување: 2 јаболка ислистени и исечени на коцки, 50 г путер, 50 г шеќер

Постапка: сите потребни состојки за тестото ставете ги во кесата (користете подебела/поголема кеса со зип затворувач. Земете ја кесата и со рацете започнете да ги гме-чите продуктите додека на крајот да добиете хомогена смеса.

Вака приготвеното тесто во кеса оставете го да стасува на топло место еден час. Ќе забележите дека тоа со текот на времето ќе си стаса. Отворете ја кесата и со помош на лажица промешајте го (исто како да сте го премесиле).

Или пак, можете и рачно да го премесите доколку сакате, па истресете го врз калап со помала до средна величина, претходно обложен со хартија за печење и намастен со масло за готвење (или путер), а доколку не ви лепи, тогаш само намастете го, без хартија.

Одозгора покријте го со проѕирна фолија и крпа и оставете го да стасува уште малку, околу половина час. За тоа време додека стасува ќе стане уште помеку и повоздушесто.

За тоа време измијте ги јаболката, излупете ги и исчистете ги од семки, па исечете ги на коцки со величина на залак. Кој сака по желба може да ги испорска со малку свежо исцеден лимонов сок.

Кога тестото ќе стаса после половина час, набоцкајте ги коцкичките од јаболко, а одзгора изрендајте смрзнат путер и наросете со шеќер. Може да користите и кафеав шеќер кој ќе му даде уште поубава арома.

Вака приготвениот колач/пита од јаболка ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Колачот убаво нараснува во текот на печењето, станува многу воздушест и вкусен.

И што е најважно, правењето на тестото за оваа мирисна пита со јаболка е вистинско задоволство. Деталите од целата постапка за приготв увањето на колачот можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии: