Без месење и премесување… Оставете сѐ на миксерот…Вкус и изглед – исто како од пицерија…БРЗА ПИЦА…Овој рецепт го користам веќе неколку години – Аница. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мал филџан за црно кафе):

5 филџани брашно
2 филџани топло млеко
1 филџан масло
1 кесичка квасец
1 јајце

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете ги сите потребни состојки и изматете со миксер. Ќе добиете меко и лепливо тесто кое не можете да го месите со рака.

2.Со лажица црпете од тестото и распоредувајте го врз претходно намастен плех со маргарин. Ако не можете рамномерно да го распоредите тестото, тогаш намастете ги дланките и развлечете колку можете потенок слој.

3.Врз тестото намачкајте кечап, па рендан кашкавал, шунка, печурки…или што сакате, па оставете ја вака подготвена да отстои 15-20 минути.

4.За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 220 степени. Печете ја приближно 15 минути. Рецепт на АницаМакед.

РЕЦЕПТ ИСПРОБАН МИЛИОН ПАТИ: ПИЦА ЗА 10 МИНУТИ – Секогаш одлична