Без квасец и без чекање да стасуваат….БРЗИ УШТИПЦИ СО ЈОГУРТ – ПЕКСИМЕТИ…Брз појадок или вечера, еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јајце,
200 мл јогурт,
400 г брашно,
1/2 лажичка сол,
1 лажичка прашок за печиво,
1 лажица масло.
ПОСТАПКА:
1.Изматете го јајцето со сол и јогурт, па додајте брашно помешано со прашок за печиво. Кога тестото ќе стане компактно додајте масло и домесете.
2. Развлечете го тестото врз малку набрашнета површина во кора со дебелина од половина прст и исечете ја на триаголници или форми по ваш избор.
3.Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.