Веќе долг период имам проблем со спиењето. Бев станата како вампир, сон не ме фаќаше до ниедно време. Сега пијам чај од комбинација на три билки и не можам да се одвојам од перницата.

Уникатната комбинација од билки е во состојба да направи вистинско чудо од нашиот нервен систем. Меѓутоа, уште на самиот почеток ќе напоменам дека истите билки не смеат да се злоупотребуваат, туку да се користат во стрикно пропишаната количина, со претходна консултација на лекар или фитотерапевт.

Заморот е голем проблем кој го засега целокупното здравје на организмот. Заморот може да биде симптом, но и причина за најразлични заболувања. Меѓутоа, природата за сè има решение.

Постојат билки кои успешно го детоксицираат телото и го смируваат нервниот систем, па на тој начин организмот се стекнува со нова енергија.

Со самото чистење на крвта, лимфата, цревата, органите и целиот човеков систем воопшто, се подобрува здравјето, се засилува метаболизмот и се решаваат бројни здравствени проблеми.

Еден од главните проблеми на денешницата е недостатокот од сон. Повеќето луѓе си легнуваат многу доцна, а следниот ден мора да станат многу рано за да одат на работа. Овој проблем се отсликува на здравјето, особено на нервниот систем, а веќе рековме, основа за добро здравје е квалитетниот сон.

Постојат три билки кои можат да го решат овој проблем, а тоа се валеријана, хмељ и копар. Билките можете да ги најдете во Билна аптека и пред употреба да се советувате со вашиот лекар.

Потребни состојки: 5 г валеријана, 5 г хмељ, 5 г копар, 200 мл вода. Постапка: мешавината од билки попарете ја со врела вода. Поклопете и оставете половина час. Потоа процедете. Чајот е добро да се пие топол, па затоа малку загрејте го. Пијте го пред спиење.

Ја опушта мускулатурата, го релаксира нервниот систем и делува прочистувачки. Со овој чај се спие многу подобро и поквалитетно. Всушност, доколку сте немале време за да отспиете 8 часа, а сте спиеле само 6 часа, со помош на овој чај повторно ќе се разбудите одморено и регенерирано.