Бесценето: Многу корисни кратки домаќински совети

*Загорената храна од дното на тенџерето никогаш не ја отстранувајте со нож. Ставете малку вода и шеќер, и ставете го тенџерето на тивок оган. Остатоците сами ќе се подигнат. Потоа ставете малку ладна вода и уште малку варете. На крајот ќе биде доволно да го измиете тенџерото само со млака вода и сунѓер.

*Ако сакате оризот да не се лепи, додека го готвите ставете неколку капки лимонов сок.

*Лукот пред пржење треба малку да проврие во врела вода за да биде повкусен.

*биберот е најдобро секогаш да се чува во зрно, а да се меле пред употреба.

*печеното месо може да се чува подолго доколку се стави во тегла и се прелие со масло. Теглата треба да се чува на студено место.

*Печурките се пржат на многу малку масло, зошто во спротивно го губат карактеристичниот мирис.

*При динстање на овошјето, може да се изгубат поголемиот дел од витамите, па затоа, тоа треба да се прави на тивок оган и постојано да се додава по малку вода.

*Тортата додека сè уште е топла, треба да се сече со загреан нож.

*Дали е печена тортата, ќе провериме со игла или чепкалка. Се додека тестото се лепи на иглата, тортата не е печена.

*Пред да го сварите млекото, претходно зовријте малку вода во тенџерето.

*Кога готвиме јадење од некое суво месо, првата вода кога ќе зоврие треба да ја истуриме зошто во неа ќе има вишок сол.

*За да се добие квалитетна супа од коски, најпрво тие треба да се готват 4 часа во вода со малку сол.

*при перење на јагнешки црева, водата треба да биде солена.

*Месото од домашна кокошка полесно ќе се зготви ако во водата се стави малку ракија.(претходно измаринирана и истриена со масло, најмалку 12 часа пред готвењето).

*Компирот ќе сочува повеќе од хранливите материи ако се готви со лушпа, па потоа да се излупи.

*Магдоносот секогаш се става пред крај или на самиот крај од готвењето на храната.

*Миризбата од даската за сечење се отстранува ако добро се истрие со лимонова кора.

*тестото за палачинки е подобро ако најпрво се измешаат млекото и брашното а потоа се додадат јајцата.

*Ако компирот сте го готвеле без лушпа, тогаш водата искористете ја за подготовка на некоја супа.

*мајонезот ќе биде повкусен ако во текот на подготовката му додадете неколку капки бело вино.

*За полесно да ја измиете машината за мелење месо, најпрво ставете кора од леб која ќе помине низ машината, а потоа да ја измиете.

*јаболката ќе останат бели за време на динстањето ако претходно отстојале во вода со малку лимонов сок и малку сол.

*Чешнето лук полесно ќе се змечи ако претходно му се стави малку сол.

*Ако сакате карфиолот да ви остане снежно бел, гответе го во млеко без сол.

*Ако пиперките се премногу лути, тогаш исчистете ги од внатрешната страна и исперете ги со студена вода.

*Пошираното јајце треба да се готви во несолена вода. Ако водата е солена тогаш јајцето нема да биде копмпактно.

*Ако ви се лепат палачинките, прекинете го печењето, истријте го тавчето со сол и чиста крпа, исперете го и исушете. Потоа продолжете со печење.

*Ако готвите супа од кокошка, доколку сакате супата да ви биде мрсна и јака тогаш ставете ја во студена вода и така варете ја. Меѓутоа, ако сакате супата да ви биде послаба, но повкусна, тогаш ставете ја во врела вода.

*Во смесата за кофтиња наместо наквасен леб можете да ставите малку сварен компир.

*При подготовка на пилав, на една чаша ориз ставете три чаши вода.

*Ако месото е тврдо а вие сакате побрзо да се зготви, тогаш ставете малку сода бикарбона во водата во која се вари.

*Ако сакате месото да ви биде реш-печено, тогаш ставете го во добро загреано масло.

*Сувото грозје ќе биде рамномерно распоредено и нема да падне на дното од тортата, ако претходно го извалкате во брашно.

*Ако сакате да го подобрите вкусот на кафето ставете во него една лажичка мелено какао.

*Ако ви се потребни неколку капки лимон, не е потребно целиот да го пресечете на половина: доволно е да му направите две дупки со игла за плетење, да исцедете онолку капки колку ви се потребни, а лимонот ќе биде сочуван подолго.

*Зеленчукот како што е грашок, боранија и спанаќ, нема да ја промени својата природна боја доколку го ставите да се готви во врела посолена вода, и ако на садот не му го ставите капакот.

*Компирот многу побрзо ќе се зготви ако во водата во која се готви ставиме малку масло.

*Ако ви останале вишок жолчки при подготовка на некоја торта, за да ја одржите нивната свежина на подолго време, внимателно ставете ги во чаша со студена вода. Пред употребата внимателно ќе ги извлечете.

*Вишокот маснотија од супата ќе ја извлечете на следниот начин: ставете неколку коцки мраз во кеса, па со брзи потези поминете по површината на супата за да се нафати мрснотијата на неа. Ова правете го додека коцките мраз не се растопиле.

*За да исчезне мирисот на риба од садот во кој се пржела, доволно е малку во него да проварите малку руски чај.

*Вкусот на пирето ќе го подобрите доколку наместо млеко, во него ставите незасладена, добро загреана павлака.

*Желатинот секогаш ставајте го во студена вода малку закиселена со оцет. Ако сакате желатинот да биде течен, тогаш растопете го во топла вода во која сте додале прстофат сол.

*Загореното јадење веднаш и без мешање префрлете го во друг сад, па врз него ставете влажна крпа. По неколку минути заменете ја крпата со нова, и повторувајте ја постапката додека мирисот на изгорено да исчезне.

*Свежината на јајцата ќе ја утвдите според количината воздух во нив: Во литар вода растворете 120 г сол, па јајцата во него ако лежат хоризонтално тогаш тие се свежи. Доколку пливаат на површината, тогаш тие се стари јајца. Најсвежите јајца лежат на дното, јајцата од 3-5 ден се издигнуваат со тапиот дел за околу 20%, јајцата од 8 дена се издигнуваат за 45 %, а јајцата од пред еден месец пливаат вертикално. Оние што ќе се издигнат на површината можете веднаш да ги фрлите.

*Колбасите нема да прскаат при пржењето ако претходно кратко сте ги обариле и сте ги посипале со брашно.

*Мајонезот одлично ќе ви успее доколку јајцата и маслото се на собна температура.

*за да не се залепи тортата за плехот при печењето, претходно дното треба да се намачка со масло и да се посипе со брашно.

*Тортата најдобро се сече ако е испечена еден ден порано.

*За подобро пенасто да се размати путерот, треба претходно малку да се размекне на млака рингла.

*Листовите од целер можат да се зготват и да се јадат како салата.

*Листововите од морковот можат да го заменат магдоносот.

*За да не се создадат грутки во качамакот, пченкарното брашно не треба да се стави во зовриена вода, туку садот со врелата вода да се тргне од огнот, и мешајќи постепено да се додава брашното, а потоа да се продолжи со мешање.

*Ако супата со кнедли треба да се послужи следниот ден, тогаш кнедлите извадете ги, а вратете ги пред самото загревање на супата пред послужување.

*Црвениот пипер во прав се додава во запршката дури откако брашното е запржено. Доволно е да остане на врелото масло само 2-3 секунди.

*Кнедлите за говедска супа ќе бидат успешни ако се подготват на следниот начин: најпрво да се измати снег од белка, па да се додаде жолчката, да се размеша, малку да се посоли, па да се додава една по една 4 лажици гриз, да се остави смесата да отстои 2-3 минути. Потоа да се вадат кнедлите со лажица во должина на плецот и да се ставаат во врелата супа па да се поклопи садот. Кога кнедлите ќе пораснат, тогаш се готови.

*За похување, најдобро е прво да се измати шне од белките па потоа да се додаде жолчката.

*Со расолот и водата од кисели краставички најдобро се чистат предмети и садови од бакар.

*Водата во која сте го миеле месото пред готвење, претставува добро ѓубриво за цвеќињата во саксија.

*Ако сенфот ви се засушил, најдобро ќе го смекнете ако го измешате со малку оцет.

*За да ви останат подолго време чисти умивалникот и чешмата во кујна, откако добро ќе ги измиете, треба да ги намачкате со терпентин.

*Садовите од сребро треба добро да се истријат со чиста и мека крпа, натопена во оцет.

*Наталожениот креч од чајникот ќе го исчистите доколку во него провриете малку вода со сода бикарбона.

*По долга употреба садовите од алуминиум можат да потемнат. За да им се поврати сјајот треба во нив да се свари кора од јаболка.

*Во фрижидерот никогаш не ставајте врели јадења. Храната треба прво малку да ја разладите па потоа да ја ставите во ладилникот.

*Ако дланките ви мирисаат на лук или кромид, истријте ги со талог од кафе и мирисот брзо ќе исчезне.

*Во собата во која се пушело и тешко се проветрува, ставете неколку влажни пешкири преку ноќта кои ќе ја впијат миризбата.

*За да се отстрани тешкиот мирис од готвената зелка, карфиол, кељ и слично, не заборавајте при готвењето на овој зеленчук да ставите една платнена кеса со тврдо парче леб во неа.

*Мирисот од испотено тело, брзо ќе го неутрализирате доколку го истриете со сода бикарбона а потоа го исперете со студена вода.

*За полесно да ја заковате шајката, претходно протријте ја во сапун.

*Ако ви потемнат кваките на вратите, истријте ги со пресечен компир, а потоа со мека и сува, волнена крпа.

*Ако се вселувате во влажен стан или куќа, задниот дел од намештајот обложете го со хартија, и оставете простор помеѓу него и ѕидот, за да може воздухот да струи и да ја суши влагата.

*Ако ви е потребно дел од стаклото или целото стакло да го направите непроѕирно, тогаш премачкајте го со следниов раствор: земете чаша од 1/8 л пиво и ставете во него 150 г горчлива сол. Со натопена чиста крпа, премачкајте го стаклото.

*За да не ви чкрипи вратата, наместо масло можете да ставете парче графит од молив помеѓу шарката која чкрипи.

*прозорите кои се испрскани со вар или малтер најдобро се чистат со вода во која сте раствориле малку оцет.

*Зимно време прозорите полесно се бришат ако во водата сте ставиле малку сол.

*Раствор од вода и алкохол е одлично средство за перење стакло од прозорци зошто лесно ги отстранува дамките од маснотија.

*Ако се појавил црв во дрвениот намештај, треба во дупчињата да се вшприца бензин а потоа отворите да се затворат со восок или кит.

*Ако имате црви во саксијата со цвеќе, тогаш ставете изладен чај од лист од орев или чај од див костен.

Loading...