БЕЛИ ГУЛАБИЦИ…Печива меки како памук, секој што ги пробал, побарал рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 125 мл):

2 чаши топло/млако млеко
1 кесичка сув квасец 11 г
2 супени лажици шеќер
1 мала чајна чаша масло
1 јајце на собна температура
1 лажичка сол
6 чаши брашно (600 г)
100 г растопен путер за премачкување на тестото
2 жолчки + 2 лажици масло за премачкување на печивата

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте го квасецот со топлото млеко и шеќерот, па мешајте 3 минути за сето убаво да се раствори. потоа додајте го маслото, јајцето, па постепено додајте ги брашното и солта.

2.Тестото треба да биде доста меко, компактно и да се одвојува од ѕидовите на садот, малку лепливо за рака. Покријте го и оставете го на топло место да ферментира 30 минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.

3.Стасаното тесто истресете го на малку набрашнета работна површина и лесно премесете го. Поделете го на 16 топчиња. Наредете ги во намастена тепсија и секое премачкајте го со растопен путер.

4.Покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути. По изминатото време земете едно топче и со дланките сплоснете го и отворете го во кора со големина на мала плитка чинија.

5.Засечете ја кората на едниот крај (како радиус) до центарот на кругот.

6.Свиткајте го конусно како корнет и спојте го тестото на поширокиот крај. Поставете го на работна површина и со дланката притиснете го врвот за да се сплосне.

7.Постапката повторете ја со сите останати топчиња. По желба можете да ги полните со фил.

8.Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и уште еднаш одозгора притиснете ги со дланката.

9.Премачкјате ги со жолчки и посипете ги со црн ким и сусам (или семе по желба).

10.Ставете во загреана рерна на 100 степени, 10 минути. Потоа засилете го огнот на 190 степени и продолжете го печењето додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/DnfwhauD4ao?si=dlqNTos0rGYC9tB-