Многумина веројатно ќе се изненадат кога ќе слушнат дека еден производ што сигурно го имаат во бањата, освен првичната намена, може да биде вистински „мултипрактик“ во куќата и тоа на различни полиња, пишува НМД.мк

Ги лади чаршафите: во жешките летни ноќи, посипете бебешки прав врз чаршавите. Тие ќе бидат миризливи, а пудрата ќе ја апсорбира потта од вашето тело што ќе ви овозможи да спиете подобро.

Апсорбира маснотии: следниот пат кога нешто масно ќе ви капе на кошулата или килимот, посипете го тој дел со бебешка пудра. Го апсорбира маслото и ја освежува ткаенината.

Освежува книги: дајте им нов изглед на старите книги со детска пудра. Овој магичен прав има способност да ја апсорбира влагата и на тој начин спречува формирање на мувла.

За погуст изглед на трепките: нанесете бебешка пудра на трепките пред да ставите маскара. Откако ќе се засуши првиот слој, нанесете и втор, а ако е потребно и трет слој маскара. Врз пудрата таа подобро ќе се задржи. Ќе добиете пополн и погуст изглед на трепките.

Спречува иритација на кожата: нанесете бебешка пудра во внатрешноста на бу-товите за да избегнете иритација на кожата со три-ење на нога од нога.

Ги отстранува непријатните мириси од чевлите: посипете ја внатрешноста на чевлите на бебешка пудра и оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден, избришете ги и облечете ги чевлите што ќе мирисаат на нови.

Го „поправа“ крцкањето на подот: имате крцкав паркет? Посипете бебешка пудра на подот, а потоа со метличка пополнете ги празнините помеѓу летвичките.

Ги брка мравките: посипете од овој магичен прав пред вратата или околу прозорецот. Мравките сигурно ќе го заобиколат вашиот дом.

Ја намалува б олката за време на депилацијата: напудрете ги нозете пред да се депилирате, што ќе создаде дополнителен слој што ќе ве заштити од можниот претопол восок.

Ја заменува камената пудра: наместо скапите камени пудри кои ги нанесувате како завршен слој при нанесување шминка, ставете само малку бебешка пудра и ќе изгледате одлично.

Ќе ве освежи: наместо дезодоранс за пазуви, ставете бебешка пудра. Ја апсорбира потта и задржува свеж мирис.

Го освежува креветчето на вашето домашно милениче: исчистете ја корпата или креветчето со бебешка пудра бидејќи тоа ќе го освежи на најбрз можен начин.

Им помага на фризурите: Вашата коса е непослушна? Измешајте бебешки прав и иста количина прашок за печиво. Смесата што сте ја направиле делува како сув шампон и косата ќе ви биде благодарна и послушна.

Просторен мирис: Ако не ви се допаѓа мирисот на детска пудра, додајте неколку капки од омиленото есенцијално масло. Наросете од миризливата пудра околу станот, кој потоа ќе мириса божествено, пишува НМД.мк