I РЕЦЕПТ – Фотографија и рецепт на Мартина Христовска. Торта со кокос со неодолив вкус готова за многу кратко време. Потребни состојки за кора: 300 гр мелени бисквити, 250 мл, сварено какао, 50 гр маргарин или путер. За фил: 600 мл млеко, 150 гр шеќер, 150 гр кокос, 100 гр гриз.

фотографија на Мартина Христовска

За глазура: 100 -150гр чоколадо, 100 мл млеко, 50 гр маргарин. Постапка: За подлогата измешајте ги мелените бисквити со свареното какао и растопениот путер или маргарин. Смесата натапкајте ја на калап за торти. Оставете да излади во фрижидер околу 15 минути, додека го приготвувате филот.

фотографија на Мартина Христовска

За филот ставете го млекото да зоврие заедно со шеќерот, па додадете го гризот. Варете ја смесата со постојано мешање, додека да згусне како крем, па додадете го кокосот. Убаво промешајте и добиената смеса рамномерно распоредете ја врз кората. Израмнете.

фотографија на Мартина Христовска

За да ја приготвите глазурата, ставете ги сите потребни состојки во сад на пареа и растопете ги заедно, па прелијте врз тортата. Оставете убаво да се излади и послужете ја. Одозгора може да украсите по желба со црвено овошје кое дава извонреден контраст на целата торта. Фотографии и рецепт на Мартина Христовска.

фотографија на Мартина Христовска

II РЕЦЕПТ – Направете домашна БАУНТИ ТОРТА за која ви се потребни само 10 минути. Најсподелуваниот рецепт. Направете домашен колач или торта со вкус кој сите го обожуваат. Овој колач е седмо небо за љубителите на БАУНТИ – готов за неполни 10 минути, без печење.

Со полн кремаст вкус на кокос. Потребни состојки: 300 г мелени бисквити, 200 г темно, квалитетно чоколадо, мелено или ситно рендано, 100 мл млеко. За фил: 500 мл млеко, 80 г пченичен гриз, 100 г шеќер, 200 г кокос. Глазура: 100 мл слатка павлака, 100 г црно чоколадо, 40 г путер.

фотографија на Мартина Христовска

Постапка: Се мешаат мелените бисквити и меленото чоколадо, па се прелеваат со млеко. Се меша, а добиената смеса за кора се натапкува во тепсија 30х22 см обложена со хартија за печиња. Се израмнува да биде рамномерно. Половина литар млеко со 100 г шеќер и 70 г пченичен гриз се мешаат со жица за матење.

фотографија на Мартина Христовска

Потоа се ставаат на оган и се готви со постојано мешање додека да згусне. Во врелиот гриз се додава кокосот, се меша и се нанесува рамномерно врз кората. Се става во фрижидер или замрзнувач да излади. За глазура, слатката павлака се загрева на оган.

Мора да се внимава таа да не зоврие, туку да се загрее доволно за да може во неа да се растопи чоколадото. Додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека тоа да се стопи и соедини во еднолична смеса, па додадете 40 г путер, промешајте и прелијте како глазура.

III РЕЦЕПТ – Многу брзи баунти штангли, без печење – се приготвува во посна и мрсна варијатна. Колачот се приготвува навистина многу брзо и погоден е за секакви пригоди. Има одличен вкус и може да се приготви како посен или мрсен колач.

Баунти бајадерата без печење е готова за многу кратко време и со малку ладење може веднаш да се послужи. Може да се сече и во коцки и во штангли, по ваша желба. Сигурна сум дека ќе уживате во ова слатко задоволство. За сите љубители на кокосот.

Потребни состојки: 300 г мелени бисквити, 200 г црно чоколадо, 200 мл млако млеко (за посно: оризово или бадемово млеко). За фил: 500 мл млеко (за посно: оризово или бадемово млеко), 100 г шеќер, 80 г гриз, 170 г кокос. За глазура: 150 мл слатка павлака, 150 г црно чоколадо.

фотографија на Мартина Христовска

Постапка: Ако ја приготвувате посната варијанта користете посни бисквити и оризово или бадемово млеко, а глазурата направете од црно чоколадо и малку масло. Измешајте мелени бисквити и изрендано чоколадо. Полека долевајте млеко и месете.

фотографија на Мартина Христовска

Смесата за кота распоредете во калап 30 х 20 см или во помал ако сакате колачот да ви биде повисок. Само не го ставајте во поголем од овој, зошто колачот ќе излезе многу тенок. Истресете ја смесата, па со дланката притиснете насекаде подеднакво. Млекото со шеќерот ставете го на оган да проврие.

Потоа додадете го гризот и мешајте додека малку да згусне. Кога ќе згусне како пудинг тргнете го од оган па додадете го кокосот и мешајте. Кокосот дополнително ќе ја стегне смесата. Тргнете од оган, малку изладете да не биде врело, па лажица по лажица ставете ја смесата врз кората и израмнете со шпатула.

фотографија на Мартина Христовска

Загрејте ја слатката павлака и искршете го чоколадото. Со врелата слатка павлака прелијте преку чоколадото и мешајте додека целосно да се растопи и соедини. Прелијте преку филот од кокос и оставете убаво да излади и да се стегне.