Фото и рецепт: Маја

Потребни состојки:

300 г брашно
150 г шеќер
100 г маргарин/путер
2 жолчки
1 лажица какао
½ прашок за печиво
малку кисела павлака или млеко

За прв фил:

6 белки
150 г шеќер
150 г кокос

за втор фил:

4 жолчки
2 пудинг од ванила
600 мл млеко
150 г маргарин/путер
100 г шеќер во прав

За глазура:

150 г чоколадо за готвење или кокос, рендано чоколадо, какао…

Постапка:

Во еден сад го просејуваме брашното и правиме вдлабнуцање во средината. Тука го додаваме исечканиот маргарин, жолчките, какаото, прашокот за печиво и малку кисела павлака (околу половина чаша од 180 г) или млеко.

Сите состојки добро ги мешаме и замесуваме мазно тесто. Веднаш го делиме на два еднакви делови. На набрашнета работна површина развлекуваме кора со димензија на плехот (кај мене 25х37 см). Плехот го намастуваме и набрашнуваме, па ја ставаме првата кора.

Белките добро ги миксаме, па додаваме малку по малку шеќер додека да добиеме цврст снег. Додаваме косок, ажица по лажица и внимателно промешуваме за да се изедначи смесата.

Снегот од белки и кокос го нанесуваме врз првата кора и израмнуваме со лажица.

На ист начин се развлекува и втората кора која внимателно ја нанесуваме врз снегот од белки.

Се става да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Жолчките пенасто ги матиме, па додаваме прашок за пудинг и 100 мл млеко. Добро се промешува за да нема грутчиња. Остатокот од млекото го вариме, па постепено го ја додаваме смесата од жолчки.

Постојано мешаме додека да се згусне кремот, па го оставаме на страна да се олади. Потоа во него додаваме претходно изматен путер со шеќер во прав и ги соединуваме со миксер.

Врз изладеното тесто се нанесува филот и се остава во фрижидер да излади околу половина час. Го украсуваме колачот со растопено чоколадо или само со кокос, па го сечеме на штангли.