Банички со сирење како што се правеа некогаш…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тестото:
800 г брашно, претходно просеано
300 мл топло млеко
100 г кисело млеко
1 јајце + 1 белка од јајце
50 мл масло
1 лажица шеќер
1 лажица оцет
1 лажичка сол
7 г сув квасец
За фил:
250 г ситно сирење
50 г стопен путер
За премачкување:
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко
ПОСТАПКА:
Во млекото растворете ги шеќерот и сувиот квасец и оставете 10 минути за да се активира квасецот.
Во брашното сипете ја солта и во средината направете бунар. Тука сипете ги активираниот квасец, оцетот, јогуртот, јајцето плус белката и маслото. Почнете да месите додека да добиете мазно меко тесто.
Тестото обликувајте го во топка. Намачкајте голем сад со малку масло и ставете го тестото во садот. И врз тестото намачкајте малку масло. Покријте го садот и оставете го тестото да нарасне на топло место 1 час.
Потоа нежно размесете ги и поделете го на 9 топчиња. Земете едно топче, поделете го на 2 помали топчиња. Развлечете ги двете топчиња во тенки кори и едната премачкајте ја со путер, посипете сирење и одозгора поклопете со втората кора.
Лесно развлечете уште уште малку со оклагија за да се спојат двете кори, па повторно премачкајте со путер и посипете со сирење.
Свиткајте во ролат, штипнете ги краевите за да се затворат и нежно се валајте го со рацете, влечејќи настрана за да направите голем тенок ролат. Превиткајте го на трипати како полжав за да ја обликувате баницата.
Баниците наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете ги да ферментираат 30 минути. Потоа премачкјате ги со жолчка и посипете ги со мелени лебни трошки, гриз или нешто по ваш вкус.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.