БАЛОН ЛЕПИЊИ СО КАШКАВАЛ…Тенки и многу вкусни, се јадат така или се виткаат и се филуваат…Овој рецепт е одличен кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно за појадок или прилог на ручекот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 + 200 г (вкупно800 г) брашно
10 г сув квасец
1 јајце
250 мл млеко
20 г растопен путер
1 лажичка сол
1 лажица шеќер

И уште:
400 г рендан кашкавал
путер за премачкување на лепињите

ПОСТАПКА:

Сите состојки треба да бидат на собна температура, а млекото малку топло. Замесете меко и компактно тесто, а со остатокот (200 г) брашно замесете фино, средно меко, нелепливо тесто. Оставете го да ферментира 15 минути.

Премесете го и поделете го на 8 топчиња. Покријте ги и оставете ги да ферментираат 15 минути. Потоа развлечете ги во тенки кори со големина на чинија.

Во средината ставете една рака рендан кашкавал, па затворете ја кората и повторно сплескајте ја со дланките како питулица. Во нелеплива тава намачкајте малку путер и загрејте ја тавата на 6-ка.

Спуштете една лепиња и печете ја 2 минути. Свртете ја и почекајте да се надуе, па премачкјате ја со малку путер и допечете ја 1-2 минути. Печените лепињи редете ги една врз друга. Постапката погледнете ја ОВДЕ: