БАЈАДЕРИ: Сите ги сакаат, а се прават додека трепнете – ситни колачи без кои не може да се замисли славската трпеза

Нема ништо поубаво од домашните бајадери кои речиси задолжително ги има на секоја славска трпеза. Совршена комбинација од мелени кекси, чоколадо и ореви, просто нè мами да посегнеме по уште едно парче..

бајадера – рецепт 2




Бајадерите се совршен избор за ситни колачи, но не мора да ги послужувате само за слава, туку и кога ви се јаде нешто благо. Иако постојат безброј рецепти за различни видови бајадери, овојпат се одлучивме за два нови, кои претходно не сме ги објавиле. Еве што ви е потребно:

Бајадера – рецепт 1, фото: Нина Главашки




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г шеќер, 9 супени лажици вода, 150 г путер, 150 г мелени ореви, 150 г мелени кекси, 4 штангли чоколадо

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г мелени кекси, 100 г чоколадо за готвење, 200 г шеќер, 150 г мелени ореви, 9 лажици вода, 170 г путер. За глазура: 100 г чоколадо за готвење, малку масло




ПОСТАПКА за рецепт 1: Шеќерот и водата ставете ги на оган и мешајте додека шеќерот целосно да се растопи. Нема потреба сирупот да го варите, туку штом шеќерот се растопи, тргнете го тенџерето настрана.




Додека е топло, веднаш додајте го путерот, па кога ќе се растопи додајте ги и сите други наведени состојки, освен чоколадото. Мешајте додека сето да се растопи и соедини во компактна смеса. Поделете ја смесата на приближно два еднакви дела, а во едниот дел додајте растопено чоколадо и изедначете.




Белиот дел развлечете го во правоаголна кора врз послужавник (јас користам стандарден стаклен послужавник), а чоколадната смеса развлечете ја преку светлата смеса. По желба, бајадерата може одозгора да ја наросите со мелени ореви, или да ја наредете обратно: прво темниот де, па светлиот, а одозгора да ја залиете со чоколадна глазура. Еве го и вториот начин на подготовка:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Водата и шеќерот ставете ги во тенџере и загревајте на тивок оган додека шеќерот целосно да се растопи. Додајте го путерот, тргнете од оган и мешајте додека и тој да се растопи.




Потоа додајте ги оревите и мелените кекси, а потоа мешајте додека да добиете густа смеса. Поделете ја на два дела. Во едниот дел додајте растопено чоколадо. На послужавник ставете масна хартија за печење и префрлете го чоколадниот дел.




Обликувајте кора со рацете во вид на правоаголник, па горниот дел и рабовите израмнете ги со нож. Врз него, на истиот начин ставете го и вториот дел од смесата. Остатокот од чоколадото растопете го на пареа, па додајте една-две лажици масло, и глазурата прелијте ја врз бајадерата.




Оставете во фрижидер да се стегне, а следниот ден пред сечење оставете ја половина час на собна температура. Сечете со остар, претходно загреан нож (пред секое засекување потопувајте го во врела вода и бришете го) за да добиете совршено рамни коцки или квадари/штангли.

Претходна статијаПОСЕН БУРЕК – ПИТА: Ваков нема во ниедна пекарница, сите го обожаваат бидејќи за кратко е готов
Следна статијаПРАЗЕН БУРЕК-ПИТА: Корите сами се тегнат тенки како лист хартија, рецептот веќе не е тајна