Бајадера од кикирики, преубава, посна, лесна за правење и многу вкусна

Фото и рецепт: Драган Страшеноски

Рецептот за оваа прекрасна бајадера го објави нашиот драг пријател, почитуваниот Драган Страшеноски, во групата НМД рецепти.

Потребни состојки за основа:

750 грама посни бисквити,
500 грама несолени печени кикиритки,
450 грама шеќер,
300 милилитри вода,
2 ванилин шеќер,
250 грама маргарин кристал.

За глазура:

Loading...

200 грама посна чоколада за готвење,
100 грама маргарин кристал,
2 супени лажици масло,
200 грама карамел гел (онаа за трилеќе)

Постапка:

Водата, шеќерот и ванилиниот шеќер да зовријат. Се додава маргаринот да се растопи и потоа се додаваат мелените бисквити и мелените кикирики.

Се меси добро и се расплескува во калап.

Глазура: Сите состојки на оган да се стопат и да се соединат. Потоа се прелива бајадерата и се става на ладење. Откако ќе се олади, се конзумира со уживанција

Фото и рецепт: Драган Страшеноски

Loading...