Ако немате многу време, а сакате да приготвите нешто вкусно – ова е вистинскиот рецепт!

Потребни состојки:

2 парчиња бело пилешко месо
200 г кашкавал
300 г сув врат
1 чашка кисела павлака
2 јајца
3 чешниња лук
5 лажици сенф

Постапка:

Шницлите исчукајте ги и малку посолете ги, наредете ги во намастен огноотпорен сад.

Премачкајте ги со сенф и добро истолчен лук.

Одозгора наросете рендан кашкавал, па наредете ги тенките ленти од сув врат.

Повторно премачкајте со сенф, а сега наредете кашкавал во листови, да се покрие убаво одозгора.

Изматете ги јајцата и павлаката заедно, па прелијте преку кашкавалот.

Бајадерата печете ја 30 минути на 200 степени. Оставете да излади па сечете ја исто како бајадера.

Ако не можете да почекате да излади (само ладна може да се сече како бајадера), тогаш исечете ја на коцки и послужете со салата.