Бабин лек за белодробни заболувања

Бронхитис, астма, разни видови на кашлица и белодробни заболувања се најчесто резултат на алергии, инфекции, или пушење.

Денес ќе ви откриеме рецепт за традиционален лек кој ефикасно ги третира овие проблеми со белите дробови, особено астмата.

Овој лек го користеле нашите баби за повеќе здравствени состојби, а луѓето ја потврдуваат ефикасноста на лековитите својства.

Еве како се подготвува:

Потребни состојки:

2 чаши јаворов сируп (~500 г)

½ кг црвен / виолетов кромид

7 лажици мед

2 лимони со средна величина

6 чаши (1 ½ )литар вода

Постапка:

Во поголема тава додадете јаворов сируп и загрејте на средна температура. Мешајте добро додека да добие златна боја, додадете го исечканиот кромид и гответе уште неколку минути. Потоа прелијте со вода.

Гответе на умерена температура додека течноста да се намали за третина. Оставете да излади па исцедете ги лимоните и додадете го сокот. На крај, додадете мед и добро измешајте.

Оставете го лекот во текот на ноќта, па процедете следното утро.

Течноста складирајте ја во стаклено шише.

Начин на употреба:

Консумирајте по една лажица, после оброк.

Loading...