Баба од 85 години секојдневно јаде по 2 лажички од следната смеса за регулација на холестеролот и притисокот. Смесата е одамна позната како природен лек за маснотии во организмот, па некои од постарите луѓе се сеќаваат на рецептот и си го приготвуваат.

На една популарна Интернет страница, внуката го открила рецептот кој со години го користи нејзината баба, со цел да помогне и на други кои имаат проблем со притисок и висок холестерол, а со овој лек ќе бидете целосно здрави и ќе доживеете длабока старост, вели таа.




Уште одамна е познато дека високиот холестерол води кон низа здравствени проблеми, на прво место се срцевите проблеми и дијабетесот, на кои се склони постарите лица. Едни од најчестите причини за појава на висок холестерол се нездрава исхрана и дебелина.

Но, народната медицина има многу решенија за овој проблем, помеѓу кои е и овој рецепт. Иако ова е релативно познат рецепт, тие што имаат холестерол може да почнат да го користат веднаш (секако после советување со својот лекар, особено доколку користат некоја посебна терапија).




Потребно е да пиете по 1 лажичка, двапати дневно од овој лек за да ги почувствувате здравствените придобивки. Подготовката на лекот е многу лесна и едноставна, ќе ви одземе 1-2 минути додека ги соедините сите состојки.

Од друга страна, редовното конcyмирање на овој лек кај здрави лица во времетраење од 10 дена, може значително да го зајакне имунитетот и да се обезбеди отпорност на организмот од разни болести.




Потребни состојки: 1 лажичка лимонов сок, 1 лажичка мед, 1 помало парче рендан ѓумбир, 1 лажичка јаболков оцет. Постапка: сите состојки испасирајте ги рачно или ставете ги во блендер да се соединат, додека да добиете еднолична смеса.

Конcyмирајте по 1 лажичка, двапати дневно, а остатокот складирајте го во фрижидер. Се пие 1 лажичка пред појадок и 1 лажичка пред вечера од лекот. Исто така, важно е секогаш лекот да го конcyмирате свеж, па затоа се прави во мала количина.




По еден месец применување на овој лек, направете лабораториска анализа и ќе забележите како холестеролот се вратил во нормални граници. Секако, треба да внимавате и на исхраната и да пиете многу течности-вода. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за намалување на холестеролот:




Потребните состојки за подготовка на овој природен лек се: 4 цели поголеми главици лук, 4 органски лимони со кора, помал корен од ѓумбир (приближно 3-4 см) или две полни лажици рендан, 2 литри чиста вода.




Постапка: Измијте го лимонот добро и исечете го на парчиња. Отстранете ги семките, бидејќи тие даваат многу горчлив вкус. Излупете го лукот и ставете го во блендер заедно со лимонот и ѓумбирот. Блендирајте колку што е потребно додека да добиете еднолична смеса.




Добиената смеса префрлете ја во поголем сад, па долејте 2 литри вода и ставете на оган да се загрее. Штом дојде до точка на вриење, веднаш исклучете ја ринглата и оставете го тенџерето поклопено додека целосно да се олади.




Потоа процедете ја смесата низ цедалка или газа и складирајте ја во стаклени шишиња. Овој лековит напиток се пие секој ден по една чаша од 200 мл, најмалку 2 часа пред јадење, односно на празен желудник. Напитокот се чува во фрижидер.




Терапијата трае три седмици со секојдневно пиење на една чаша. После три седмици мора да направите пауза од една седмица, а потоа може да се повтори третманот уште три недели, на истиот принцип.




Ако вкусот не ви одговара, може да додадете мед по вкус. После три седмици употреба треба да почувствувате значителна регенерација на телото од почетокот на употреба на овој напиток.