АРАПСКА ПИТА: Кремаста, како чискејк, но уште поубава! Многу брзо се подготвуваат две смеси, тесто и крем, се ставаат едно во друго и се печат, па за неполн час се добива многу убав колач кој се топи во уста. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 180 г шеќер, прстофат сол, 3 супени лажици кисела павлака/цврст јогурт, 600 г брашно, 1.5 лажичка прашок за печиво, 180 г растопен путер, 700 г крем сирење или несолена урда, 3 јајца, прстофат сол, 150 г кисела павлака/цврст јогурт, 300 г шеќер

ПОСТАПКА: Во еден сад рачно изматете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол. Потоа додајте ја киселата павлака, а откако ќе се изедначи смесата додајте просеано брашно и прашок за печиво.

Мешајте со лажица или шпатула, па кога брашното ќе ја впие течноста, додајте го растопениот путер. Овојпат мешајте додека да добиете компактна, изедначена смеса без грутчиња од брашното (домесете го рачно).

Тестото оставете го покриено да одмори додека го приготвувате кремот. Во подлабок сад сипете го крем сирењето/урдата, додајте ги јајцата, прстофат сол, киселата павлака и шеќерот, па со рачен блендер добро изматете додека да добиете мазен крем.

Земете плех или калап со средна големина, па добро намастете го со путер и истресете го внатре првото тесто. Со помош на дланките рамномерно распоредете го на дното и ѕидовите во садот.

Во средината истурете го вториот крем и израмнете. Печете 35 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Печениот колач оставете го целосно да се олади пред да го пресечете и послужите. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.