Потребни состојки:
300 г плазма или петит кекси
4 пудинзи со вкус на ванила
2 лажици густин
12 чажици шеќер
1 литар млеко
1 кесичка желатин
1 пакување од 450 г шумско овошје
1 прелив за торта (Долчела)
10 лажици шеќер
500 мл слатка павлака за шлаг
Постапка:
Намастете правоаголна тепсија (32х24) со путер па редете ги бисквитите натопени во млеко.
Сварете го пудингот и густинот во млекото, па оставете да излади.
Кога пудингот ќе биде изладен, во него додадете ја изматената слатка павлака и добро измиксајте. Додадете желатин според упатството на кесичката, па уште малку миксајте.
Овошјето ставете го во шерпа и сварете го, па додадете прелив разматен со малку вода. Кратко ставете на оган да проврие. Изладете 3-4 минути, па прелијте врз кремот и оставете да се стегне и излади.