Ако сте COVID-19 позитивни, не сте сами! ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАШИОТ ЧЕТБОТ

Согласно нашето искуство од досегашниот третман на пациенти позитивни на коронавирусот, увидовме дека постои голема потреба за следење на состојбата на оние пациенти кои се позитивни, но без симптоми и во домашна изолација.

Се случува симптомите многу брзо да прогресираат и да ги доведат во животозагрозувачка состојба. Тие многу често имаат потреба од  дополнителни информации или совети од лекар.

Имаат прашања или не се сигурни во кој момент да побараат помош од лекар, а истите им се потешко достапни бидејќи се во изолација. Со цел да понудиме опција за нив, развивме систем кој комбинира он-лајн следење на нивната состојба, со препораки за следни чекори. Го поврзавме нашиот болнички софтвер со апликација (четбот) за закажување и следење.

Апликацијата е достапна за секој кој ќе направи тестирање во нашата лабараторија. Со тоа добива пристап до истата.

Можат да се вклучат и пациенти позитивни на корона вирусот кои не се тестирани во нашата лабораторија, по направен консултативен преглед и лабораторија, кои можат да ги закажат на нашата веб страна.

Процесот е прилично едноставен. Заедно со резултатите секој пациент добива единствен линк кој го води до апликацијата каде со внесување на своите генералии веднаш добива можност да закаже онлајн видео консултација со некој од нашите лекари и влегува во системот за следење.

Пациентот секојдневно одговара на прашалник во кој внесува параметри како температура, сатурација и слично. Тоа комбинирано со лабараториските параметри го покренува механизмот на совети и препораки од страна на нашиот лекарски тим.

Доколку параметрите се во рамките на нормала, пациентот го известуваме дека треба да продолжи да работи на својот имунитет во домашни услови. Но, доколку параметрите влезат во ризична зона, веднаш се покренува механизам кој препорачува следни чекори како правење рентген снимка или доаѓање во клиниката.

Директниот секојдневен контакт на пациентот со нашиот тим преку апликацијата овозможува рано превенирање на можните компликации и секако навремена реакција која понекогаш за неколку часа може да биде од клучно значење за спасување на живот.

Важно е редовно и точно внесување на информациите за состојбата кое не одзема повеќе од 2 (две) минути дневно, како и внимателно следење на информациите кои ги добива пациентот секојдневно.

Претходна статијаРецептот го видов на еден сајт и го пробав, излезе феноменално – похуван модар патлиџан исечен како лепеза
Следна статијаПоздравете се со затнатите артерии, високиот притисок и лош холестерол, препородете се со оваа природна смеса