Ако секој ден користите една иста канцелариска шоља за кафе фрлете ја веднаш

Сите сакаме да пиеме кафе за време на работа или на пауза, сеедно. Шолјата најчесто ја миеме во кујната или во тоалетот, но таквото миење прави повеќе штета отколку корист.

Чарлс Герб, професор по макробиологија од Универзитетот во Аризона, вели дека треба почесто да ја носите шолјата дома и таму темелно да ја измиете.

Дури 90% од канцелариските шолји, вели Герб, содржат најразлични бактерии, а 20% од нив имаат и фекални бактерии.

Причина за ова е неадекватното чистење на шолјата со заеднички сунѓер кој го допираат многу луѓе, а не се знае дали на сите рацете им биле чисти или не. Некои луѓе својата шолја дури ја мијат само со вода, без сунѓер и детергент.

Loading...

За да спречите вашата шолја да стане легло на бактерии, Герб препорачува да ја измиете дома во машина за садови или кратко да ја провриете во сад со зовриена вода. Високата температура ги убива бактериите.

Ако во никој случај не можете шолјата да ја однесете дома, барем секојдневно темелно измијте ја со врела вода и детергент за садови, па избришете ја со салвета.

Loading...