Ако сакате нешто брзо и вкусно…Овие стапчиња-фурнаринки со кашкавал и лукче се идеалниот избор за вас…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за две лепчиња од 22х17 см):

200 г брашно,
5 г инстантн сув квасец (половина мала лажичка),
8 г шеќер (1 супена лажица),
4 г сол (половина мала лажичка),
15 г маслиново масло (2 супени лажици),
120 мл топла вода.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СОС (сите состојки помешајте ги):
10 г мелен лук (0,5 супена лажица),
20 г растопен путер (2 супени лажици),
30 г крем сирење (1 голема супена лажица) – не мора, но повкусно е.

ЗА НАРОСУВАЊЕ:
280 г моцарела/кашкавал по избор, пармезан, оригано или магдонос,
ЗА ПОТОПУВАЊЕ (при послужување): мед или доматен сос.

ПОСТАПКА:

1.Во млака вода растворете ги шеќерот и квасецот, па постепено додајте го брашното помешано со сол. Кога ќе добиете комапкатно тесто, залијте го со маслиново масло и домесете го 5-10 минути, да биде меко и еластично.

2.Покријте го и оставете го на топло да ферментира додека да го зголеми волуманот за 2-3 пати.

3.Стасаното тесто нежно премесете го и поделете го на два дела. Обликувајте топчиња, па откако ќе одморат 5-10 минути, развлечете ги во правоаголни кори. наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

4.Одозгора премачкајте ги со подготвениот сос и посипете ги со рендан кашкавал (по желба оригано и зачини по вкус).

5.Печете во загреана рерна на 210 степени околу 8-10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.