Дали знаевте дека бројни истражувања укажуваат на фактот дека најдоброто време за јакнење и изградба на мускулите е времето додека спиеме? Се’ што треба да направите е да ги прочитате нашите насоки и да ги примените во својот живот.

На самиот почеток да разјасниме една работа – не постои магично стапче кое ќе направи да легнете на спиење а потоа да се разбудите совршено здрави, ослабени, со стопено сало и силни мускули. Она што ќе го направите во текот на денот, во голема мера ќе влијае врз процесите на телото додека вие спиете.

Со текот на годините метаболизмот се успорува, а тоа најмногу се забележува кај жените. Меѓутоа, не очајувајте. Ако сте доволно самосвесни и се грижите за сопственото здравје, за да можете да бидете витални и во староста, мора да преземете некои мерки, а со својата одговорност, позитивно да влијаете и врз помладите.

Дигање тегови

Еден од најдобрите начини за да добиете мускулна маса (која со стареењето значително се губи) и да ги стопите масните наслаги: во вашиот тренинг задолжително вклучете дигање тегови.

Истражувањата докажаа дека оние луѓе кои дигаат тегови не само што ги јакнат мускулите туку и значително го забрзуваат метаболизмот. Бидејќи тој со текот на годините се успорува, вие мора да изнајдете решение за тој побрзо и подобро да функционира.

Интервални тренинзи со висок интензитет

Уште еден начин да се поттикне организмот да согорува масти во состојба на мирување – се кратки аеробни вежби со висок интензитет со кратки периоди на одмор помеѓу вежбите.

На пример, ако брзо трчате 20-30 секунди потоа трчајте поспоро или шетајте 40 секунди и тоа повторете го седум пати.

Водете сметка за калориите

Иако голем број луѓе имаат проблем со следење на внесените калории, тоа е многу важно доколку сакате да ги изградите мускулите и да ги отстраните масните наслаги. Клучна работа е да откриете колку калории дневно ви се неопходни за да одржите моментна килажа и секојдневно да внесувате приближно еднаков број на калории во комбинација со совети за вежбање.

Следете го внесот на калории и напредувањето неколку седмици, па ако сте забележале дека слабеете тогаш можете да додадете 100-200 калории плус, дневно, доколку резултатите не се задоволувачки, обидете се да го намалите внесот на калории.

Спијте осум часа

Квалитетниот сон е многу важен дел од овој процес, кога станува збор за изгадба на мускулите и согорување на мастите. Добриот сон на вашите мускули и на целото тело му носи одмор и закрепнување од тренингот, а воедно го нормализира и нивото на хормоните во организмот.