Ако сакате да ослабете, исчистете го црниот дроб: на овој начин ќе ги исфлите отровите и мастите од телото!

Црниот дроб исто како и срцето е еден од најоптеретените органи кој обавува повеќе од 500 функции во нашиот организам.

Ја прочистува крвта од токсини, се бори со инфекциите, создава жолчка, ги разградува мастите и метаболитичкиот отпад. Покрај тоа, црниот дроб е најголемиот орган низ кој секоја минута поминува голема количина крв, филтрирајќи ја притоа.

Бидејќи ги филтрира и разградува хормоните, доброто функционирање на црниот дроб е многу важен за размнотежата на хормоните во организмот.

Loading...

Ако постојано сте изложени на штетни материи кои се повеќе се придутни во храната, водата и воздухот, вашиот црн дроб е преоптеретен со токсини.

Покрај токсините од храната и околината, врз здравјето на црниот дроб негативно влијате и електромагнетното зрачење од мобилните телефони и wi-fi-то.

ЗНАЦИ ДЕКА ВИ Е ПОТРЕБНИ ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ

-болка или непријатна тегоба во десниот горен дел од стомачната шуплина, под ребрата.

-претерано потење и загревање на телото.

-ждригавица и подуеност

-необјаснето дебелеење или неможност да се ослабе и покрај редуцирана исхрана

-проблем со варење на масна храна

-акни, розацеа, јадеж на кожата

-вишок масно ткиво околу стомакот

-висок крвен притисок

-промена во расположението и умор

-масни израстоци околу очите

ОВИЕ 5 РАБОТИ ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧАТ ДОКОЛКУ ГО ПРОЧИСТИТЕ ЦРНИОТ ДРОБ

Најдоброто што можете да го направите за своето целокупно здравје е себеси да си направите детокс на црниот дроб. Чистењето на црниот дроб има бројни здравствени предности за вашето здравје, а некои од нив се:

1.Се стимулира детокс на целиот организам

Ако го исчистите црниот дроб, ќе поттикнете чистење на целиот организам. Овој орган ја враќа искористената крв кон срцето. Ако функцијата му е нарушена поради заситеност од токсини, непрочистената крв ќе кружи низ телото и низ срцето, загрозувајќи го на тој начин целокупното здравје. Нарушеното здравје го загрозува целиот имун систем и придонесува за забрзано стареење.

2.Снабдува со енергија

Ако често пиете кафе за полесно и побрзо да ги обавувате своите работни задачи, тоа нема многу да ви помогне. Кафето само моментно ќе ви ја подигне енергијата, по што следува нагло паѓање. Затоа, најдобро е направите детокс на црниот дроб.

Детоксот ќе ве снабди со свежа енергија, ќе ја зајакне вашата концентрација и ќе ја зголеми продуктивноста на работа. Покрај тоа, ќе се подобри и квалитетот на вашиот сон.

Детоксот ќе помогне да се обноват залихите од нутриенти и значително ќе ја зголеми енергијата потребна за вежбање и дневни задачи.

3.Помага во слабеење

Ако сериозно размислувате да ослабете, тогаш детоксот на црниот дроб треба да ви биде на врвот од приоритетите. Црниот дроб има многу важна улога за слабеењето, бидејќи токму тој е задолжен за разложување на мастите. Создава жолчен сок кој ги вари мастите и ги разложува, а со самото тоа се поттикнува и слабеењето.

4.Се намалува создавање на камења

Ако имате вишок холестерол, ви се заканува ризик од појава на камења во жолчноо кесе. Токму присутноста на холестеролот доведува до стврднување на жолчката која полека се создава во каменчиња. Тие каменчиња предизвикуваат затнување и ја блокираат работата на црниот дроб, кој веќе не може квалитетно да го прочистува организмот од токсини.

5.Ја чисти и негува кожата

Благодарение на детоксот на црниот дроб и елиминацијата на токсините од црниот дроб, се подобрува оксигенацијата на ткивата, па затоа доаѓа до општо разубавување. Кожата блеснува и се подмладува, исчезнуваат подочнаците, се пеглаат ситните брчки, косата добива сјај…

РЕЦЕПТ ЗА ДЕТОКС НА ЦРН ДРОБ: напиток со брусница и зачини

Во едно тенџере ставете 1 чаша незасладен сок од брусница и 7 чаши вода. Ставете на оган, па оставете полека да проврие. Тргнете од оган.

Во филтер топка за приготвување на чај ставете: ½ лажичка ѓумбир, ½ лажичка мускатно оревче и 1 лажичка цимет.

Ставете ја топката во напитокот од брусница, оставете 15 минути, па извадете. Ако немате ваков филтер, тогаш само процедете ја течноста.

Додадете ¾ чаша сок од портокал и ¼ чаша сок од лимон, измешајте и ставете го напитокот во фрижидер.

Наутро после будење, испијте една чаша од овој напиток. После еден час испијте една чаша вода, а после еден час, повторно една чаша напиток. Продолжете така наизменично додека да се потроши целиот напиток од брусница.

ХРАНА КОЈА ГО ЧИСТИ ЦРНИОТ ДРОБ:

Артичоки – поттикнуваат производство на жолчка и чистење од токсини

Кромид и лук – му помагаат на црниот дроб за елиминација на токсините

Цвекло – содржи фитонутриенти кои го намалуваат лошото делување на масната храна

Јаболка – пектинот помага во елиминација на живата од организмот

Свежо исцеден лимонов сок во топла вода – пијте го наутро на гладно за да поттикнете детоксикација.

Loading...