Во моментов постојат толку многу трендови за фарбање на косата, што навистина е тешко човек да се одлучи и избере. Коса со боја на банана, пиво или со боја на виножитото? Пастелно розова или виолетова? Платинесто сива или балајаж?

Има нешто моќно во менувањето на фризурите и бојата на косата кога тоа ќе го посакаме. Со новата фризура на некој начин го бележиме новиот почеток и животна пресвртница. Секако, со промена на бојата на косата треба да се менуваат и претходните навики бидејќи бојата ја оштетува косата и знае да изгледа доста суво, безживотно и остро. Причитајте ги овие 4 совети кои ќе ви откријат како треба да ја третирате фарбаната коса и да ја направите повторно сјајна и како природна.

КОРИСТЕТЕ ШАМПОН БЕЗ СУЛФАТИ

Сулфатите се хемикалии кои ја оштетуваат вашата коса, ја иритираат и многу лошо делуваат врз фарбаната коса. Шампоните кои содржат сулфати многу побрзо ќе ја измијат бојата од косата за разлика од оние кои не содржат. И ако не ви се запени шампонот онака како што сте навикнале – без грижи, сулфатот е тој кој ја создава пената во шампонот, но косата ќе биде еднакво чиста и без него.

НЕ ЈА ПЕРЕТЕ КОСАТА ЧЕСТО

Честото миење на косата може да ги отстрани сите природни масла од машата коса што може да предизвика сувост и прекумерно пукање на влакната. Идеално за одржување на бојата и здравјето на косата е аако истата ја миете еднаш до двапати седмично и тоа да користите поблаги шампони, во смисла, да содржат што помалку хемикалии.

ТОПЛИНАТА НЕ Е ВАШ ПРИЈАТЕЛ

Стилизирањето на косата со уреди за коса дополнително ја уништува ионака веќе оштетената фарбана коса. Обидете се колку можете да ги одбегнувате уредите како што се фен, пегли за коса и фигаро, а косата сушете ја природно па средете ја со помош на стегачи, шноли или фолија. Освен што топлината дополнително ќе ја оштети косата, бојата побрзо ќе избледи, што нели, е најмлку што го посакувате. Ако веќе целосно не можете да ги одбегнете овие уреди, тогаш користењето сведете го на минимум и користете спреј за заштита на косата од топлина.

НАНЕСЕТЕ МАСЛО ПРЕД ШАМПОНИРАЊЕ

Кокосовото масло е одлично за косата бидејќи ја заштитува од потенцијални оштетувања, а рицинусовото масло ќе го поттикне растот, па затоа најдобра опција е да ги користите двете. Нанесете ги преку ноќ како маска и наутро испрете ја косата, или пак, едноставно нанесете ги маслата на врвовите од косата пред шампонирање. Третманите со масла се одлични за фарбана коса, па така испробајте го она кое вам најмногу ви одговара и нека стане ваша навика.